РСБСП и МВР се пример за исклучително позитивна и успешна соработка и поддршка и таа се реализира на повеќе нивоа и во повеќе области. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е една од стратешките цел на МВР, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е должен секоја година 30% од финансиските средства, приход по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, да ги намени за модернизација на уредите и опремата на надлежната организациска единица во Министерството за внатрешни работи, која врши контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата. Во таа насока, а со цел исполнуваање на законските обврски, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за потребите на МВР, изврши набавка на опрема која ќе биде предадена на МВР на трајно користење, и тоа:
- Генератор за електрична енергија, во комплет со по два рефлектори за секој генератор – 30 парчиња,
- Продолжен кабел со макара – 30 парчиња
- Инвертер на моќност од 12V во 220V – 30 парчиња
- Мерила за алкохол во уста AlcoQuant 6020 Plus – 24 парчиња
- Фотоапарати со DSLR сензор – 35 парчиња
- и друга додатна опрема ( дигитални метра, пантлики, курвиметри, шублери, итн)Опремата што ја обезбеди РСБСП, за потребите на МВР е со вкупна вредност од 3.520.000 денари. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, согласно своите законски надлежности континуирано презема мерки и активности со цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со тоа и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајните незгоди. Во таа насока, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, согласно своите законски обврски, обезбеди опрема која МВР сметаше дека ќе им биде потребна како дополнителна техничка поддрашка во извршувањето на секојдневните работни обврски од страна на сообраќајната полиција. Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го големи обемот и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на сообраќајната полиција – потенцира претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска.
Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е еден од приоритети на Министерството за внатрешни работи и согласно тоа, во изминатиот период, Министерството за внатрешни работи интензивно инвестира во набавка на најнова и современа опрема и убедени сме дека зајакнувањето на техничките и оперативните капацитети на сообраќајната полиција ќе има позитивен импакт на безбедноста на сообраќајот на патиштата, – потенцираат од Министерството за внатрешни работи.
Соработката помеѓу МВР и РСБСП продолжува и во наредниот период со цел побезбеден сообраќај и помалку сообраќајни незгоди.