РСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби. Уживајте во убавата атмосфера и не возете под дејство на алкохол. – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби. Уживајте во убавата атмосфера и не возете под дејство на алкохол.

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби. Уживајте во убавата атмосфера и не возете под дејство на алкохол.
    24 декември 2019

    Последните денови од 2019 година постепено изминуваат. Новогодишната атмосфера постепено се издигнува на највисоко ниво, а предновогодишните  прослави секојдневно се побројни и побројни.

    Музика, веселба и малку алкохол за кревање на расположението е редовен декор и редовна содржина на менито на сите предновогодишни прослави.

    Во овие денови на веселби и прослави, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите за штетното влијание на алкохолот на способноста за управување на моторно возило. Имено,  секој возач треба да знае дека управување на моторно возило под дејство на алкохол е опасно и претставува закана за сопствениот живот,  но и за животот и здравјето на останатите  учесници во сообраќајот.Истражувањата покажуваат дека способностите на возачите за безбедно учество во сообраќајот – идентификување на опасности и закани, предвидување на опасни ситуации, способност за расудување и донесување одлуки, вклучително и способност  за извршување на соодветни дејствија за избегнување на опасни ситуации во сообраќајот , значително  се намалени кога возачот има консумирано алкохол.

     Во споредба со возач кој нема консумирано алкохол, ризикот и веројатноста за предизвикување  на сообраќајна незгода се удвојува кај возач кај кој концентрација на алкохол во крвта е  0,5 промили, а е за  осум пати поголема  кога концентрација на алкохол во крвта кај возачот е  1,1 промил.  

    Затоа, РСБСП укажува дека секој возач треба да биде свесен дека дури и една чаша алкохол ги намалува  психофизичките способности за безбедно учество во сообраќајот.

    Околу една четвртина од сообраќајните незгоди со жртви и тешки повреди се поврзани со влијанието на алкохолот. Алкохолот ги намалува возачките вештини, ги нарушува моторните способности, ја намалува визуелната острина, ја искривува сликата за околината и го нарушува слухот. Алкохолот делува како депресант на централниот нервен систем. Тоа  значително  ја нарушува способноста за навремена реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација.

    Алкохолот едноставно  ве прави невешти, неспособни, но агресивни во сообраќајот.

    Според истражувањата, возач додека управува возило, 70 проценти од движењата ги врши рефлексно, а одлуките ги носи спонтано на основа на запазување и регистрирање на ситуации. Затоа, никогаш немојте да консумирате  алкохол кога управувате со возило или доколку веќе консумирате алкохол, немојте да управувате возило. Најлошо е да консумирате алкохол и да возите  и да тврдите дека не сте во пијана состојба.  Вие можеби во еден дел сте свесни за својот памет меѓутоа не сте свесни дека рефлексите ви се намалени.

    Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило, ако е под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол, се смета лице, за кое ќе се утврди дека количината на алкохол во крвта, изнесува повеќе од 0.50 г/кг. Толеранцијата на алкохол за возач-почетник е приближно еднаква на 0-‘нула’. Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра и забрана за управување возило до 12 месеци.

    Токму затоа РСБСП со апел до возачите: Празниците се време за радости и веселби. Уживајте во убавата атмосфера и не дозволувајте момент на слабост, еуфорија и невнимание да ве понесе и да направите грешка која може да биде  фатална.  Затоа не консумирајте алкохол доколку возете или не возете доколку консумирате алкохол. Алкохолот и брзото возење носат смрт и црнила на патиштата!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Корисни совети за безбедно возење во услови на магла
    Следна Објава:
    Новогодишна кампања на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS