РСБСП со апел до матурантите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел до матурантите

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    РСБСП со апел до матурантите
    18 мај 2017

    Месец Мај традиционално поминува во знакот на матурските вечери и големиот број прослави, веселби  и забави кои се организираат  по тој повод. Веселиот амбиент, изобилството алкохол, вишокот адреналин и желбата за докажување ги наведува матурантите на брзо и агресивно однесување во сообраќајот што често  завршува со фатални последици.

    РСБСП,  на сите матуранти им ја честита  матурата  и апелира до нив да ја покажат својата матурата на дело на тој начин што ќе покажат дека се зрели, совесни и одговорни личности кои својата зрелост меѓудругото ја манифестираат и  преку  одговорно учество во сообраќајот  што во основа значи  не управување на  моторно возило за време на прославата на матурските вечери.   Управувањето  на  моторно возило за време на прославата на матурските вечери  е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во делот кој се однесува на возачите почетници, а истовремено  ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода  е исклучително висок.

    Исто така,  РСБСП апелира и до родителите секогаш да  имаат на ум дека сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и тоа кога најмалку очекувате. Младите, особено матурантите се ризична група учесници во сообраќајот која многу често страда во сообраќајни незгоди особено во периодот на прослава на матурските вечери. Затоа  РСБСП уште  еднаш потсетува  дека само една грешка и еден момент на невнимание може да биде фатален а последиците ненадоместливи и апелира да не се  дозволува матурантите да возат на матурската вечер, или пак да бидат возени од друг матурант.  Постојат многу начини за да покажете колку го цените и почитувате нивниот момент, но користењето на семејниот автомобил, дефинитивно не е разумна одлука.

    Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во категоријата возач-почетник спаѓаат сите лица  кои се стекнале со возачка дозвола во минатите 2 години. Возачите почетници  немаат право да управуваат моторно возило во периодот од 23 часот навечер до 5 часот наутро, освен со придружба на возач постар од 25 години, на кој не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Дозволено количество на алкохол во крвта е нула (0 промили) и немаат право да управуваат моторно возило чија моќност на моторот е поголема од 77 киловати. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Добитници на награди од проектот „ Безбедни млади возачи“
    Следна Објава:
    Државен натпревар „Детски семафор“ и „СТКМ“ 2017 Скопје
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS