РСБСП со апел до матурантите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел до матурантите

    1. Насловна
    2. РСБСП
    РСБСП со апел до матурантите
    19 мај 2016

          

    Младите возачи претставуваат ризична и ранлива група учесници во сообраќајот, особено во периодот кога се слави матурирањето, односно за време на матурските вечери. Веселиот амбиент, изобилството алкохол, вишокот адреналин и желбата за докажување ги наведува матурантите на брзо и агресивно однесување во сообраќајот, однесување кое често  завршува со фатални последици.

    РСБСП им ја честита матурата на сите матуранти и апелира за нивно одговорно учество во сообраќајот, манифестирано преку не-управување со моторно возило за време на прославата на матурските вечери бидејќи тоа е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во делот кој се однесува на возачите почетници, а и ризикот да се предизвика сообраќајна незгода е исклучително висок.

    Исто така, апелираме и до родителите секогаш да имаат на ум дека само една грешка и еден момент на невнимание може да биде фатален, а последиците ненадоместливи.  Не дозволувајте највеселиот момент на вашите најблиски да се претвори во семејна трагедија. Затоа, не им дозволувајте на матурантите да возат на матурската вечер, или пак да бидат возени од друг матурант. Постојат многу начини за да покажете колку го цените и почитувате нивниот момент, но користењето на семејниот автомобил, дефинитивно не е разумна одлука.

    Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во категоријата возач-почетник влегуваат сите лица кои се стекнале со возачка дозвола во минатите 2 (две) години. Возачите-почетници  немаат право да управуваат моторно возило во периодот од 23 часот навечер до 5 часот наутро, освен со придружба на возач постар од 25 години, на кој не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Дозволено количество алкохол во крвта е нула (0 промили) и немаат право да управуваат моторно возило чија моќност на моторот е поголема од 77 киловати. Дополнително, дете–возач односно лице кое се здобило зо возачка дозвола пред да наполни 18 години, нема право да управува моторно возило во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Промоција на тимот Лема на Игор Стефановски – Иџе
    Следна Објава:
    Едукативен Автобус – ОУ “Љубен Лапе”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS