РСБСП СО АПЕЛ: Честит Илинден! Прославете достоинствено и одговорно и имајте на ум дека сообраќајните незгоди не бираат место и време! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП СО АПЕЛ: Честит Илинден! Прославете достоинствено и одговорно и имајте на ум дека сообраќајните незгоди не бираат место и време!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП СО АПЕЛ: Честит  Илинден! Прославете достоинствено и одговорно и имајте на ум дека сообраќајните незгоди не бираат место и време!
    17 август 2020

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита најголемиот државен празник – 2-ри Август, – Илинден.

    Почитувани граѓани, пред нас е најголемиот државен празник Илинден. Празник кој треба да го одбележиме достоинствено и со сите почести. Празниците се денови кога треба да прославиме, да се потсетиме на минатото,  но и да  погледнеме во иднината. Празниците се денови на сеќавање, слава и радост.  Најважно од се ѐ празниците да останат во добар спомен и да ги памтиме по убавите работи кои се случуваат.

    Поучени од некои лоши моменти и лоши случки од минатите години,  РСБСП со апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот.

    Индикаторите за безбедноста  на сообраќајот  на патиштата укажуваат  на фактот дека  во летниот период, за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера, се зголемува  ризикот за влошување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Конкретно, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период, односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на останатите месеци од годината.  Дополнително ризикот се зголемува кога станува збор за празници односно за продолжен викенд во сезона на годишни одмори,  а токму такви се деновите  кои доаѓаат.Затоа,  РСБСП  Ве повикува:

    • Намалете ја брзината и возете одговорно
    • Не управувајте и немојте ниту да започнете да управувате моторно возило доколку имате консумирано алкохол
    • Останете смирени и безбедни и во ситуација на сообраќаен метеж. Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила.
    • Бидете фокусирани и концентрирани  во сообраќајот, гледајте во коловозот и не користете мобилен телефон  за време на управувањето со возилото.
    • Држете безбедно растојание помеѓу возилата.
    •  Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
    • Направете техничка проверка на возилото и бидете сигурни дека вашето возило е подготвено за безбедно патување.
    •  Користете сигурносен појас и соодветно детско седиште.

    Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот – возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважно од се е  безбедно да пристигнете до саканата дестинација.

    РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита големиот празник – Илинден  и им  посакува безбедни патувања и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот! Да ги паметиме празниците по убавите работи!

    Честит 2-ри Август!    Честит ИЛИНДЕН!   Возете одговорно!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Летна кампања-2020 “Ова лето безбедноста нека ви биде на прво место”- Едукативна акција на РСБСП и МВР во Дојран
    Следна Објава:
    “Безбедноста на прво место!” – Летна кампања 2020. Континуирани сообраќајно едукативни активности во Куманово
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS