РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници

    1. Насловна
    2. РСБСП
    РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници
    7 јули 2021

    Сообраќајните незгоди не претставуваат нечија животна судбина, туку се последица од неодговорно учество во сообраќајот и непочитување на сообраќајните правила и прописи од страна на поединци.

    Личната одговорност на секој поединец, кој на каков било начин учествува во сообраќајот, се издвојува како примарна одговорност за севкупната безбедност на сообраќајот на патиштата. Имајќи ги во предвид последиците од неодговорното управување со возилото, може да  се каже дека одговорноста на возачите се издвојува како највисока.Посебно ризична и ранлива група на учесници во сообраќајот претставуваат возачите почетници.  Согласно наведеното, а со цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во својата работа посебен акцент става на возачите почетници.

    Целта на РСБСП е да му се укаже на секој возач почетник дека неговата одговорност за безбедноста во сообраќајот е голема и дека секој возач почетник треба да биде свесен дека возачката дозвола – правото за управување моторно возило ‒ претставува доверена одговорност од семејството и општеството.Добар возач не се станува со самото полагање на возачкиот испит и со добивањето на возачката дозвола. Возачката дозвола е доказ дека возачот поседува минимум потребни знаења и вештини за да учествува во сообраќајот, а за да се стане добар и безбеден возач, потребно е знаење, едукација и потребни се години на пракса и искуство и токму затоа законот предвидува одредени ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот.  Со цел да се овозможи постепено надоградување на знаењата  и вештините  кај возачите почетници и нивно постепено и безбедно интегрирање во сложениот и динамичен сообраќаен систем РСБСП изработи стручна литература- „Прирачник за возачи почетници“ – истакна Гордана Кожуваровска, Претседател на РСБСП на денешниот настан по повод промоција на прирачникот.

    Прирачникот претставува  добро систематизиран,  сликовит потсетник за законските и моралните обврски на секој возач почетник и е изработен во таква форма и содржина што на еден  јасен и разбирлив начин ги прикажува  „најважните“ правила и прописи кои треба да ги знаат и почитуваат возачите почетници  од „Б“ категорија. Прирачникот е достапен во печатена форма, на македонски и на албански јазик, и во наредниот период ќе биде дистрибуиран до голем број на автошколи, средните училишта, високообразовните институции, итн.

    Поикрај тоа, прирачникот е достапен и во електронска форма на веб страната на РСБСП  www.rsbsp.org.mk, така што сите заинтересирани лица имаат слободен пристап за негова употреба. 

    РСБСП со апел до возачите почетници: Сообраќајот не е игра. Во сообраќајот нема место за возачи без возачка дозвола, но нема место ни за возачи кои поради незнаење или неодговорност ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин ја загрозуваат неговата безбедност.  Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално  почитување на сообраќајните правила и прописи. Младоста и тоа што сте возач  почетник, не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорно  однесување во сообраќајот. Прочитајте го прирачникот, едуцирајте се дополнително, за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.  Повторувањето е мајка на знаењето!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Заедничка акција на МВР и РСБСП: Бидете внимателни во сообраќајот, да спасиме животи!
    Следна Објава:
    Безбедноста во сообраќајот на прво место, МВР и РСБСП со камапања за зголемена безбедност , 231 санкционирани пијани возачи!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS