РСБСП: Корисни совети за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Корисни совети за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП: Корисни совети за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот
    15 јуни 2020

    Сезоната за мотоциклистите само што започна, а веќе се случија поголем број на сообраќајни незгоди во кои настрадаа повеќе мотоциклисти. Со цел поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со  важни  потсетувања  и совети за мотоциклистите.

    Прво и најважно е одржување на мотоциклот. Технички исправен мотоцикл е основен предуслов за безбедно учество во сообраќајот: По зимскиот период, а пред почетокот на летната сезона потребно е да се направи  основна проверка и припрема на мотоциклот. Согласно тоа :  

    •  Сменете го маслото и филтерот и проверете ја течноста за ладење на моторот

    •  Исчистете го или заменете го филтерот за воздух и системот за гориво

    •  Проверете ги сопирачките  и осигурете се дека сопирачките функционираат беспрекорно .

    •  Проверете  го притисокот на воздух во гумите и проверете ја дебелината на шарата на гумите

    •  Проверете го и наполнете го акумулаторот

    •  Прегледајте ги конзолите и подмачкајте го синџирот

    •  Проверете ги сите светла/сијалички.

    Откако сите овие проверки ќе бидат завршени и ќе бидете сигурни дека сѐ е исправно и во функција, можете да се препуштите на возењето.Второ, покрај технички исправен мотоцикл, исклучително важно е целосното и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи. Без да навлегува подетално во сообраќајните правила и прописи РСБСП потенцира дека гаранција за безбеден сообраќај е максимално и дисциплинирано почитување на сообраќајната сигнализација и на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

    Трето, задолжително носење на кацига и заштитна опрема.

    • Кацига. Без разлика дали патувате на  кратка или долга релација,  без разлика дали ви е жешко или не, задолжително носете кацига. Според ЗБСП, возачот и лицата кои се превезуваат со мотоцикл, задолжително треба да носат заштитен шлем (кацига) на главата за време на возењето на патот. Казната за не носење на кацигата за возачот и сопатникот изнесува 50 евра во денарска противвредност.

    Покрај тоа, полицискиот службеник на самото место,  привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот доколку тој или  лицата кои се превезуваат со мотоцикл не носат или одбиваат да носат заштитен шлем (кацига) за време на возењето. 

    Кацигата е вашата шанса да преживеете во случај на сообраќајна незгода.

    • Заштитно одело, ракавици, обувки…

    Користење на заштитна опрема: заштитна јакна, заштитна облека, заштитно елече и други додатоци (чизми, наочари, кожни панталони, ракавици итн.) е исклучително важно за безбедноста на мотоциклистите и за лицата кои се превезуваат на мотоцикл, но нивното користење не е задолжително со Законот за безбедност на патниот сообраќај. Користењето на оваа заштитна опрема е препуштено на свеста и одговорноста на мотоциклистите и токму затоа РСБСП укажува и  потсетува на важноста и потребата за користење на  неопходната заштитна опрема. Секое лице кое управува  или се превезува со  мотоцикл треба да знае дека кацигата и заштитната опрема се наменети за лична заштита од несакани повреди во случај на сообраќајна незгода.

    На крај, РСБСП повторно потенцира дека вистинските љубители на мотоциклот, вистинските мотоциклисти, задолжително прават техничка проверка на мотоциклот, секогаш ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и редовно носат кацига и заштитна опрема. Биди вистински мотоциклист!

    #БИДИВИСТИНСКИМОТОЦИКЛИСТ,   

    #НОСИКАЦИГА,

     #БЕЗБЕДНОНАМОТОР

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Мотоциклистите чести жртви во сообраќајни незгоди
    Следна Објава:
    РСБСП: Корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS