РСБСП денес во Битола присуствуваше на настанот ТРЧАЈ БЕ, кој од 2019 секоја година се одржува по улиците на Битола. Тоа е меѓународна манифестација на која може да учествува секој кој сака да трча и да ужива во благодетите на трчањето. Претседателката Гордана Кожуваровска изјави дека РСБСП даде целосна поддршка, потенцира дека Советот секогаш ќе биде дел од настанот и упати апел до сите присутни, да бидат одговорни и совесни учесници во сообракајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што ќе придонесат за зголемување на безбедноста на сите.