Реализирана летната кампања „За безбедно лето“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Реализирана летната кампања „За безбедно лето“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    3 септември 2024

    Заврши реализацијата на летната кампања „За безбедно лето“. Кампањата ја спроведоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје.

    Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“ се реализираше кампања под мотото „Вози одморен“, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило.

    Превентивно-едукативни активности се реализираа во Скопје, Битола, Ресен, Тетово, Охрид, Гевгелија, Дојран, Делчево, Демир Хисар и др. На возачите им беше поделен рекламен материјал, вода и безалкохолни пијалоци, додека компанијата ОКТА донираше ваучери за освежување на возачите со кафе и одмор на најблиската бензинска станица на ОКТА.

    Во соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот од Република Србија, дел од кампањата „Вози одморен“ се реализираше долж коридорот 10 на територијата на Република Северна Македонија и на Република Србија. Оваа соработка резултира со зголемена безбедност во сообраќајот на возачите и патниците од двете држави, но и на оние од странство, кои во летниот период транзитно поминуваат по овој коридор.

    " Автомобили, Вози Одморен, ВозиОдговорно, Окта, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Zoom.mk: РСБСП за безбедност на децата во сообраќајот во учебната 2024/2025
    Следна Објава:
    КАМПАЊА „БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ НА ТРАКТОР И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS