Денес во Министерството за образование и наука м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП оствари работна средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Беше постигнат договор за активирање на традиционалната манифестација „Детски семафор“ која ќе се реализира во текот на второто полугодие од учебната 2022/2023 година во сите основни и средни училишта од РС Македонија. Манифестацијата има натпреварувачки карактер и се организира на општинско, регионално и републичко ниво, со цел унапредување на знаењата на учениците од сообраќајната култура. Натпреварите „Детски семафор“ (за учениците од основните училишта) и „Сообраќајна култура на младите“ (за учениците од средните училишта) се состојат од теоретски дел за познавање на правилата и прописите во сообраќајот и практичен дел за вешто возење на велосипед, односно мопед.