Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска во Белград оствари работна средба со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ. На средбата се дискутираше за безбедноста на сообраќајот на патиштата во двете соседни држави, за реализираните заеднички активности во текот на изминатата година и за продолжување на соработката во 2023 година. Договорено е заедничко спроведување на летната кампања „Вози одморен“ наменета за возачите од двете држави, но и за странските возачи кои транзитно поминуваат по коридорот 10 низ двете држави, а се дискутираше и за активностите кои РСБСП и АБС ги спроведуваат за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот.

