Работна средба на Претседателот на РСБСП и директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Работна средба на Претседателот на РСБСП и директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија

    1. Насловна
    2. Активности
    Работна средба на Претседателот на РСБСП  и директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија
    6 април 2021

    Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќаjот на патиштата Гордана Кожуваровска  оствари работна средба  со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија  Душко Пешич.  Целта  на состанокот беше унапредување на соработката помеѓу двете институции, реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „ Вози одморен“  и размена на едукативни видео материјали со цел едукација и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот.

    Повисоко ниво на соработка помеѓу надлежните институции за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата  во земјите на југоисточна европа е неопходно од причина што статистичките податоци покажуваат дека во овој дел на европа има повеќе загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители во однос на земјите од западна европа. Со цел подобрување на ваквата состојба неопходно е земјите во регионот да изградат еден заеднички пристап кон прашањата од областа на патниот сообраќај и преку размена на искуства, знаење, податоци, материјали и преку заедничка реализација на проекти и сообраќајно превентивни и едукативни активности, заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај во земјите од регионот.  Сообраќајот не познава граници и тоа треба да биде мотив и причина за силна соработка со партнерите од регионот – истакна м-р Гордана Кожуваровска, Претседател на РСБСП по повод остварената работна средба со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија.

    Согласно наведеното РСБСП и во наредниот период ќе иницира и ќе реализира соработка со надлежните институции во земјите од регионот со цел  унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на регионално ниво а со тоа и унапредување на безбедноста на патниот сообраќај на национално ниво. 

     

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „СТАВИ ПОЈАС!“ – За твоја безбедност!
    Следна Објава:
    „Стави  појас!“,засилени контроли од страна на сообраќајната полиција
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП со традиционален новогодишен подарок: Детско-автомобилско седиште за првородените деца во 2026 година

    Новогодишен апел за безбедна и среќна 2026 година

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП: Почеток на второто полугодие – апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
    • Апел за зголемена внимателност и одговорно учество во сообраќајот
    • РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS