Вие сте тука

Работна средба на Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија Душко Пешиќ

Согласно меморандумот за соработка кој беше потпишан помеѓу  Републичкиот совет за безбедност на сообраќаjот на патиштата на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија,  денес во Скопје, во просториите на РСБСП,  се реализира работна средба на Претседателот на РСБСП,  Гордана Кожуваровска,  со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија,   Душко Пешиќ.  Целта  на состанокот беше унапредување на соработката помеѓу двете институции преку размена на искуства знаење и позитивни пракси и реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „ Вози одморен“. 

Како составен дел на состанокот беше организиран  стручен собир  на кој присуствуваа претставници на двете институции. На стручниот собир беше презентиран начинот на работа на двете институции, реализираните активности во изминатиот период, резултатите од досегашната работа, позитивните и негативните искуства и беа дефинирани нови начини и модели на дејствување со цел помалку жртви на патиштата.Безбедноста на сообраќајот на патиштата е национален,  но истовремено и регионален, но и глобален проблем и предизвик.  Статистичките податоци покажуваат дека  во земјите од регионот на Југоисточна Европа бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и согласно тоа,  неопходно е безбедноста во сообраќајот и регионалната соработка во областа на безбедноста на патниот сообраќај,  да се издигнат на  значително повисоко ниво.

Во изминатиот период остваривме неколку работни средби со претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и може да се каже дека резултатите од досегашната соработка се исклучително позитивни. Согласно тоа, како плод на досегашната соработка направена е размена на видео спотови,  едукативни видео материјали за деца,  стручна литература, размена на искуства, знаења, итн.  Имајќи го во предвид фактот дека во летниот период  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, од кои што голем дел се случуваат токму на автопат и во тие сообраќајни незгоди воглавно учесници се возачи кои транзитираат низ Република Северна Македонија, на денешниот состанок ќе биде договорена реализација на заедничка кампања која во текот на летниот период ќе се реализира на граничните премини во двете држави и на автопатиштата во двете држави. Сообраќајот не познава граници, жртвите во сообраќајот не познаваат националност  и тоа е главниот мотив и причина за силна соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, - истакна Претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска по повод денешната средба со  директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ.  Со цел  побезбеден сообраќај во регионот на  Југоисточна Европа неопходно е земјите во регионот да изградат еден заеднички пристап кон прашањата од областа на патниот сообраќај и преку размена на искуства, знаење, податоци, материјали и преку заедничка реализација на проекти и сообраќајно превентивни и едукативни активности, заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај и помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди. 

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот