Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и оваа година ја поддржа четвртата по ред традиционална манифестација “Прв до врв”. Оваа година повеќе од 2000 натпреварувачи земаа учество во поголем број трки, како што се трките во планинско трчање, планинарење, планински и друмски велосипедизам.