Промовирани Училишни сообраќајни единици на Град Скопје. – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Промовирани Училишни сообраќајни единици на Град Скопје.

    1. Насловна
    2. Активности
    2 март 2017

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Град Скопје и  партнерите, денес пред паркот „Жена Борец“ ги промовирaа  Училишните сообраќајни единици составени од ученици од СУГС „Боро Петрушевски“. По промотивниот настан членовите  на Училишните сообраќајни единици со прeтставниците на Министерството за внатрешни работи започна со активности за регулирање на сообраќајот и предупредување на неодговорните учесници во сообраќајот. 

    На настанот  присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на  Републичкиот совет за безбедност на  сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски.

    Градоначалникот на Град Скопје  Коце Трајановски истакна дека учениците од СУГС „Боро Петрушевски“ ги сочинуваат првите училишни сообраќајни единици кои ќе имаат за задача превентивно да дејствуваат и да ги едуцираат учесниците во сообраќајот за последиците од неодговорното учество во сообраќајот. Исто така Трајановски потенцира дека Училишните сообраќајни единици се позитивен пример кој треба да биде следен од останатите училишта  а подржан од граѓаните и на тој начин  сите да го дадат својот придонес за побезбеден сообраќај.

    По примерот на големите европски метрополи Градот Скопје со подршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата пристапи кон формирање на училишни сообраќајни единици. Формирањето и функционирањето на училишните сообраќајни единици претставува чекор  напред кон унапредување на сообраќајно превентивното дејствување. Придобивките од училишните сообраќајни единици се повеќекратни. Имено  од една страна тие ќе претставуваат подршка во работата на сообраќајната полиција во делот на управување и контрола на сообраќајот, од друга страна  ќе дејствуваат превентивно во насока на информирање, едукација и подигање на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот а исто така училишните сообраќајни единици ќе значат и практична едукација и унапредување на знаењата и капацитетите на ученицит, членови на Училишните сообраќајни единици.  Мерките и активностите кои ги преземаат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Градот Скопје даваат резултат а доказ за тоа е токму фактот што од почетокот на годината досега на подрачјето на СВР Скопје едно лица го загубило животот во сообраќајна незгода што претставува значително намалување во однос на минатата година и се надевам дека во идниот период ќе се задржи трендот на намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди за што се неопходни силни активности од сите надлежни институции и поголема одговорност од учесниците во сообраќајот – истакна Стојче Стаменковски, Претседател на РСБСП.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Општински квиз натпревар: Да ги заштитиме децата во сообраќајот.
    Следна Објава:
    Среќен 8 март со порака за безбедно учество во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS