Вие сте тука

Предадена опрема од РСБСП за потребите на сообраќајната полиција

Искуството од минатите години, покажа дека РСБСП и МВР се пример за позитивна и успешна меѓуинституционална соработка и поддршка која ќе продолжи и во наредниот период  на сите ниво и во повеќе области.

Едукативно превентивните кампањи, кои заеднички ги реализираа РСБСП и МВР во изминатиот период,  поддржани со засилени конторли од страна на сообраќајната полиција, придонесоа за  намалување на бројот на сообраќајни незгоди во 2020 година.

Соработката помеѓу РСБСП и МВР е  заедничка цел и законска обврска на двете институции и ваквиот пристап  на работа ќе продолжи да се надоградува и во иднина.

Согласно тоа и согласно член 374, став 2 од од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  РСБСП, дел од своите средства ги наменува за модернизација на опремата на сообраќајната полицијата.  Во таа насока, на ден  08.01.2021 година,  беше презентирана и предадена во трајна сопственост на МВР,  опрема која ја набави РСБСП,  а за која Министерството за внатрешни работи ценеше дека ќе им биде потребна за унапредување на контролата на патниот сообраќај и  унапредување  на работата на сообраќајната полиција.

Станува збор за 15 моторцикли, марка  PIAGGIO Beverly 300, со година на производство 2020.  Покрај тоа, набавена е и комплетна дополнителна опрема за моторциклите,  а набавени се и 15  комплети заштитна  опрема за мотоциклисти и тоа: заштитни шлемови – кациги, и  заштитно одело- панталони,  јакни, чизми и летни и зимски ракавици.

„Примената на современа  техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го  зголеми обемот  и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на сообраќајната полицијата.

Континуираното унапредување на работата на сообраќајната полиција и подобрување на нејзините  капацитети  е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај“ -  потенцира Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска по повод предадената опрема на МВР.

“Задоволство ми е во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и во мое лично име да изразам благодарност  до Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за опремата обезбедена за зајакнување на капацитетите на надлежните сообраќајни  единици во МВР ,-  рече министерот за внатрешни работи,  Оливер Спасовски при преземањето на опремата наменета за  потребите на сообраќајната полиција.

Министерот Оливер Спасовски и  Претседателот на РСБСП,  Гордана Кожуваровска изразија задоволство од  остварената соработка и  потенцираа дека единствено преку високо ниво на соработка и  поддршка помеѓу сите надлежни институции,  Република Северна Македонија ќе ја издигне безбедноста на сообраќајот на патиштата на ниво на земјите членки на Европската унија, а тоа би  значело помалку сообраќајни незгоди и помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди.

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот