Правила и прописи за безбедно возење со трактор – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Правила и прописи за безбедно возење со трактор

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Правила и прописи за безбедно возење со трактор
    26 септември 2020

     „Безбедно возење со трактор“ е насловот на новата кампања која ќе ја реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во наредниот период  и истата има за цел едукација и подигање на свеста кај возачите на трактори и други мобилни машини за нивно одговорно учество во сообраќајот,  во прв ред едукација за потребата за управување на технички исправно возило.

    Голем број на граѓани во Република Северна Македонија се занимаваат со земјоделие и согласно тоа голем број на возачи учествуваат во сообраќајот со трактори, мотокултиватори и други мобилни  машини. За жал, состојбата на терен покажува дека голем број од возачите на трактори управуваат технички неисправни возила, не се соодветно осветлени во ноќни услови, итн.  па многу често се случува токму тоа да биде причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со загинати и тешко повредени лица.

    Согласно наведеното РСБСП со потсетување за најважните одредби од законот кои се однесуваат на оваа категорија на возила:

    • Сопственикот на трактор и/или тракторска приколка, е должен на секои шест години од денот на првата регистрација  да го регистрира возилото.
    • Сопственикот на трактор при продолжување на важноста на сообраќајната дозвола е должен да приложи доказ за извршено осигурување и доказ за техничка исправност на возилото, односно потврда за извршен технички преглед на возилото.
    •  Редовен   технички   прегледи  на  трактор се прави на секои две години по првата регистрација.
    • На јавните патишта се ограничува брзината на движење на 30 km/h за трактори и  25 km/h за трактори што влечат приклучно возило со кое се превезуваат лица.
    • Трактор и тракторска приколка во сообраќајот на пат, задолжително треба да бидат технички исправни и да имаат исправни уреди.  (сопирачки, светла и др.)
    • На трактор  може да се превезува лице само ако има посебно фабрички вградено седиште.
    • На приклучно возило што го влече трактор може да се превезуваат до пет лица  кои работат на товарење или истовар на товарот или кои вршат земјоделски работи.
    • Ако трактор влече две приклучни возила во нив не смеат да се превезуваат лица.
    • Со приклучно возило што го влече трактор, може да се превезуваат и повеќе од пет лица, ако тие вршат земјоделски работи и тоа само од местото на живеење до местото на работење и обратно и од едно до друго место на работење.
    • На трактор што влече приклучно возило во кое се врши превоз на лица, може да управува само возач кој има најмалку три години возачка дозвола која дава право за управување со трактор.
    • По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат  трактори.
    • Со трактор може да управува лице кое поседува возачка дозвола од „Ф“ категорија или  лице кое поседува возачка дозвола од категориите „Б“, „БЕ“, „Ц1“, „Ц1Е“, „Ц“, „ЦЕ“, „Д1“, „Д1Е“, „Д“ или „ДЕ“.

    Секоја година по неколку возачи на трактор и  патници на трактор или приколка го губат животот  во сообраќајни незгоди.  Во првите  6 месеци, во 2020 година,  1 возач на трактор го загубил животот  во сообраќајна незгода а 12 се повредени. Во летните месеци, според неофицијалните податоци на РСБСП, најмалку уште двајца возачи на трактор го загубиле животот во сообраќајни незгоди

    Затоа, РСБСП апелира до возачите на трактори, молтокултиватори и други мобилни машини, и покрај сите проблеми со кои се соочувате,  во прв ред мислете на вашата безбедност, на вашиот живот, на вашето здравје, возете технички исправни возила, со исправни сопирачки и соодветно осветлени.

    #БЕЗБЕДНОВОЗЕЊЕСОТРАКТОР!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кампања: „Безбедно возење со трактор“
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Возачи, внимавајте на тракторите и другите мобилни машини!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS