Последен дел од плодните панел дискусии на Првата меѓународна конференција – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Последен дел од плодните панел дискусии на Првата меѓународна конференција

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    1 октомври 2016

    Третиот дел од панел дискусијата ја отвори проф. Д-р Верица Данчевска од Техничкиот факултет во Битола, која ја презентираше програмата 39001 – Нов стандард за управување со безбедноста во патниот сообраќај. Таа своето излагање го започна така што истакна дека задоволството да учествува на Конференцијата е преку презентацијата која ќе ја видат присутните. Данчевска ја започна презентацијата со тоа дека безбедноста на патниот сообраќај е основа на секое општество, а особено внимание треба да се обрне на ранливите категории, како и на децата од предучилишна возраст. Потоа, следеше презентација на Иницијативата за Визија 0 – ниедна сообраќајна незгода која ја започна Шведска уште во 1997 година и чиј капацитет е разработен и постојано е работи за стигнување од бројката 0 жртви во сообраќајот. За безбеден патен сообраќај постојат многу фактори кои треба да се исполнат, како патна инфраструктура, користење на соодветнипатни правци, прилагодување на брзината со условите на патот, опрема за безбедно управување, физичка спсобност, како и планирање на патување. Во понатамошниот дел од презентацијата се говори дека сообраќајот е неминовен во современиот начин на живот, а сообраќајните незгоди се најголемото зло на современото општество. На крајот од презентацијата, Данчевска потенцираше дека  Македонија нема финансии како развиените земји за константно вложување за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај, но дека со постојана едукација и со финансиите кои ги имаме состојбата може да се подобри.

    Дискусијата ја продолжи д-р Јовица Васиљевиќ кој состојбата за безбедноста на патиштата во Република Србија ја прикажа преку преглед на индикаторите кои влијаат врз безбедносните перформанси. Д-р Васиљевиќ преку статистички приказ, односно врз основа на бројки и факти ја долови ситуацијата на патиштата во Република Србија, односно целосната слика која ги прикажува проблемите со кои се соочуваат сите земји во регионов. Како најголем проблем се јавува непочитувањето на брзината на патиштата и управување на возилото под дејство на алкохол. Во однос на статистиката, професорот забележа дека процентот на млади меѓу 15 и 30 години кои страдаат во сообраќајни незгоди е значително намален, односно за 15%, додека ранлива категорија која најмногу страда во сообраќајнинезгоди се децата, од кои 71% од нив страдаат како патници, а 29% како пешаци.

    Последен во работниот дел од Конференцијата со свое излагање се претстави проф. Д-р Нољ Дедај кој говореше за влијанието на елементите и состојбата на возилата во сообраќајна несреќа и превентивни мерки за нејзино спречување. Тој истакна дека основни елементи кои се предуслов за предизвикување на сообраќајна незгода се човечкиот фактор, патната инфраструктура, исправноста на возилото (системот за кочење, стари или нови гуми), густина на сообраќајот и инцидентни фактори. Сите овие елементи треба да се земат во предвид бидејќи влијаат на вкупната статистика на случени сообраќајни незгоди во Република Косово, а на институционално ниво потребно е да се работи за нивно спречување.

    Со последната панел дискусија на проф. д-р Нољ Дедај заврши Првата меѓународна конференција за безбедност на патниот сообраќа во Југоисточна европа, насловена „Управување со безбедноста на патниот сообраќа во Југоисточна европа – предизвици и насоки за дејствување“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Втор дел панел дискусии
    Следна Објава:
    Усвојување Декларација од работниот дел на Конференцијата и свечено доделувње сертификати за учесниците
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS