ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
    15 ноември 2022

    Овој период од годината се карактеризира со влажни коловози и намалени температури на воздухот, што неповолно влијае на безбедното одвивање на сообраќајот. Ова може да резултира со намалена видливост, продолжување на сопирачкиот пат на возилото, деконцентрација на возачите и слично.

    Истражувањата покажуваат дека ефектите од лошите временски услови врз видливоста може да го зголемат времето на реакција на возачите за 13 до 75%, зголемувајќи ја веројатноста за сообраќајна несреќа. Утврдено е дека густата магла предизвикува најголеми проблеми при што на возачите им треба 75% повеќе време за да забележат опасност, како и дека обилниот дожд ги забавува реакциите на возачите за 30%, а снегот за 34%.Токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, да се придржуваат до советите за управување со возилото во зимски услови, да ги следат информациите за временските услови на патиштата, како и патната сигнализација заради осигурување на поголема безбедност во сообраќајот.

    Потсетуваме дека законска обврска е во возилата задолжително да се носи зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март следната година. Покрај задолжителната зимска опрема, потребно е да се направи и зимска проверка на возилото односно:

    •  проверка на антифризот,

    •  проверка на маслото во моторот,

    •  проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло,

    •  проверка на акумулаторот и притисокот на пневматиците,

    •  обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави итн.РСБСП советува брзината да се прилагоди според условите на патот, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото, а да се избегнува и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.

    Почитувањето на овие совети, како и на законската обврска за носење на зимска опрема и проверка на возилото, придонесуваат за побезбедно учество во сообраќајот при неповолните временски услови во овој период и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.           

    Затоа РСБСП апелира: Внимавајте на влажните коловози! Бидете одговорни и подгответе се за безбедно возење во зимски услови. Користете зимска опрема!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП денес донираше паркинг за велосипеди и моторцикли за потребите на учениците и вработените од СОУ “Таки Даскало” – Битола.
    Следна Објава:
    Започна зимската кампања “Користи зимска опрема”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS