Почитувајте ја сообраќајната сигнализација, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патувајте безбеднo – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Почитувајте ја сообраќајната сигнализација, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патувајте безбеднo

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Почитувајте ја сообраќајната сигнализација, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патувајте безбеднo
    25 август 2017

    Последниот продолжен викенд од месец август е пред нас. Убавото и топло време се идеална прилика за организирање продолжен одмор или пократко патување која ќе ја искористат голем број од граѓаните на Република Македонија. Карактеристично за секој продолжен викенд е зголемениот интензитет на сообраќај и поголемата фреквенција на автомобили, од вообичаеното.  За жал, црната статистика повторно нѐ потсетува дека за време на продолжен викенд, особено во летниот период, вообичаено се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди и секако бројот на загинати и на повредени лица во сообраќајни незгоди.

    Дали црната статистика и потресните стории за загинати и за повредени лица во сообраќајни незгоди ќе бидат реалност после овој продолжен викенд или не, зависи од секој граѓанин поединечно, од секој учесник во сообраќајот, без разлика дали станува збор за возач, патник, велосипедист, мотоциклист, пешак итн.

    Почитување на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е основно правило за безбедно управување со возилото и претставува гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот. 

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да ги почитуваат сообраќајните знаци, да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Сообраќајната култура и меѓусебното почитување секогаш треба да бидат на прво место кај секој учесник во сообраќајот.

    За добар одмор, убаво поминат викенд и безбедно патување, бидете трпеливи во сообраќајот, прифатете го фактот дека е гужва и подгответе се за колоните возила кои ќе ги има на наплатните рампи и на граничните премини. Внимавајте на престигнувањето и никако не практикувајте слалом возење. Прилагодете ја брзината кон условите на патот. Не престигнувајте на полна линија или кога немате прегледност на патот. Алкохолот, се разбира, е најголем непријател на возачите. 

    Патувајте одморени и не заборавајте да користете појас. Преземете ги сите неопходни мерки за поголема заштита, за поголема безбедност во сообраќајот, за удобно патување и за убаво поминат празничен викенд.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на  патиштата ви посакува  безбедно патување и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Не дозволувајте моментите наменети за уживање да се претворат во трагедија.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „Животот е полн со бои само кога е безбеден“ – нова едукативна активност на РСБСП и „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ
    Следна Објава:
    Дечињата тргнуваат на училиште – внимавајте на нив во сообраќајот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS