Вие сте тука

НОВОГОДИШНА КАМПАЊА ЗА СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА 2024 ГОДИНА

Денеска РСБСП, во соработка со МВР и Факултетот за безбедност, ја започна Новогодишната кампања за среќна и безбедна 2024 година. Во Битола заедно со полициски службеници од СВР Битола се реализираа активности од кампањата и се делеше превентивно- едукативен материјал за потсетување на возачите за важноста на почитувањето на правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници. На возачите им се препорача да не конзумираат алкохол кога планираат да управуваат со моторно возило, доколку конзумираат алкохол за време на новогодишните празници тогаш да користат такси услуги или јавен превоз, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да користат сигурносен појас, да избегнуваат нагло сопирање на возилото и сл.
м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, упати апел за одговорно учество во сообраќајот и внимателно возење за време на новогодишните празници, поголема сообраќајна култура, почитување на сите учесници во сообраќајот и издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво за среќна и безбедна 2024 година.
Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола истакна: за безбедно прославување на новогодишните и божиќните празници внимателно учество во сообраќајот и избегнување на управување со возило доколку возачите конзумирале алкохол но, доколку истите планираат да конзумираат алкохол препорачуваме да не управуваат со моторно возило туку да користат такси превоз или да ги предадат клучевите од моторното возило на близок кој не конзумира алкохол.
Апелираме да се почитуваат максимално сообраќајните правила и прописи и да се следат насоките кои ги даваат полициските службеници од сообраќајната полиција како на отворените патишта така и во населените места. Исто така, денеска заедно со претседателката на РСБСП Кожуваровска, полициските службеници на СВР Битола посетија и дел од угостителските објекти во Битола каде на присутните гости, особено помладата популација, им поделија рекламни материјали со совети и препораки за безбедна прослава на новогодишната ноќ и претстојните празници, како и разновиден рекламен материјал за безбедно возење. Секторот за внатрешни работи Битола, на сите граѓани им ги честита престојните  новогодишни и Божиќни празници.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот