Ниски температури, снег и голомразица – возете внимателно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Ниски температури, снег и голомразица – возете внимателно!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Ниски температури, снег и голомразица – возете внимателно!
    14 февруари 2021

    Последните неколку денови во земјава има значително влошување на временските услови a со тоа и значително влошување на условите на патот. Токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото во услови на снег и  ниски температури.

     

    РСБСП посебно потсетува дека:

    • Обврската за поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември минатата година и трае до 15 март оваа година.  Оние возачи  кои се уште не обезбедиле зимска опрема  (синџири за снег или зимски гуми),  потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со не обезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот.
    • Намалете ја брзината.  Во услови на ниски температури и обилни врнежи од  снег, појавата на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози,  е очекувана, особено ако патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сѐ е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.
    • Држете безбедно растојание.  Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа,  држете безбедно растојание  и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.
    • Бидете предвидливи.  За безбедно одвивање на сообраќајот при сне,  влажни и замрзнати коловози  особено важно е вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, забавување или забрзување на возилото.
    • Внимавајте на одрони на патот. Одрони на пат- ,песок, камења на патот, итн. во овој период од годината е карактеристична појава  што може да биде многу опасна за сообраќајот.  Затоа возете внимателно и намалете ја брзината, особено ако возите во планински предели или во други непознати области  каде што не ги знаете доволно карактеристиките на патот и патната околина.
    • Направете техничка проверка на возилото. При зимски услови на патот, посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при снег, ниски температури и влажни и лизгави коловози  на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете  редовна зимска проверка на возилото,  со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката, итн.

    РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од сите нас поединечно. Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот, доколку сите ги почитуваме сообраќајните правила и прописи,  бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди  значително ќе се намали.

    #ОДТЕБЕЗАВИСИ!   #БИДИОДГОВОРЕНВОЗАЧ!

      

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Заљуби се во безбедното возење
    Следна Објава:
    РСБСП со потсетување – неколку важни работи кои треба да ги проверете во вашиот автомобил во зима!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS