„Не го потценувај заморот – Вози одморен!“, превентивна акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Не го потценувај заморот – Вози одморен!“, превентивна акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце

    1. Насловна
    2. Активности
    „Не го потценувај заморот – Вози одморен!“, превентивна акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце
    14 јули 2021

    Покрај  брзото возење  и алкохолот, заморот е една од  главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.

    Една од причините за ваквата состојба е токму фактот што станува збор за европски коридор по   кој  поминуваат голем број на возила и возачи  кои после долги часови патување, како последица на заморот губат концентрација и внимание, неретко и заспиваат позади управувачот  и како последица на тоа  предизвикуваат сообраќајни незгоди со страшни последици. Имајќи ја во предвид ваквата состојба МВР и РСБСП во текот на летниот период, во двата правци на коридорот 10, ќе организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.  

    Целта на кампањата „Вози одморен“ е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат  да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.Согласно наведеното МВР во соработка со РСБСП продолжува  со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и  со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.

    „Сакам да потсетам само на податокот дека на територијата на целата држава во текот на јули минатата година 17 лица беа жртви на сообраќајни незгоди, додека пак, во минатиот август таа бројка изнесуваше 19. Иако минатата година беше година со рекордно најмал број на жртви – 125, сепак, евидентно е дека во летниот период овие бројки се поголеми споредено со другите периоди од годината.  По Коридорот 10, како паневропски коридор, фреквенцијата на возила е драстично зголемена посебно во летниот период, а заморот, кој е причина за пад на концентрацијата, може да има фатални последици, така што се одлучивме, заедно со РСБСП, превентивно да ги потсетиме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди. Овој автопат е главната артерија која ја поврзува нашата држава со соседна Србија, така што граѓаните од пријателска Србија, како чести учесници во сообраќајот, главно, по Коридорот 10, но и граѓаните од другите држави, кои го користат, се секогаш добредојдени гости во нашата земја.  Ќе ја искористам оваа пригода да им посакам среќен пат и пријатен престој, без разлика дали поминуваат транзит или токму нашата држава им е дестинацијата каде сакаат да го поминат одморот, но и да апелирам кон сите учесници во сообраќајот секогаш да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта. Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив и  во наредниот период продолжуваме со активности со цел да го намалиме бројот на жртви на патиштата“, рече министерот Спасовски.„Сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално затоа што отсуствува можноста возачот да преземе било какви дејствија со цел барем делумно да се амортизираат последиците од сообраќајните незгоди. Апелирам до возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да  прават минимум 15 минути пауза на секои два часа возење и да застанат и да одморат веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор“- изјави Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.

    Важно е да се потенцира дека минатата година беше најбезбедна досега, со најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди. Трендот на подобрување на безбедноста во патниот сообраќај е евидентен веќе неколку години наназад и  целта на МВР и РСБСП  е овој тренд да продолжи и во иднина.

    #ВОЗИОДГОВОРНО!

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Безбедноста во сообраќајот на прво место, МВР и РСБСП со камапања за зголемена безбедност , 231 санкционирани пијани возачи!
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Вози одговорно – Вози одморен!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS