Вие сте тука

НАПРАВЕТЕ ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО

Проверката на подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата е неопходна и многу значајна затоа што може значително да придонесе за намалување на несакани последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

 

Зимската проверка на возилото опфаќа:

  •  проверка на антифризот – проверката на течноста што се користи во системот за ладење на вашиот автомобил може да спречи многу проблеми особено во зимски услови, затоа почесто проверувајте го нејзиното ниво.  
  •  проверка на бришачите и течноста за бришачите на ветробранското стакло – ветробранското стакло во зимски услови на патот често е замрзнато или извалкано со кал, дожд или снег, па затоа важно е да се направи проверка на исправноста на бришачите и течноста за бришачите со цел ветробранското стакло секогаш да е чисто.
  •  проверка на акумулаторот – во зимски услови чести се случаите на празнење на акумулаторите, затоа проверете ги каблите и течноста на акумулаторот на вашето возило, а по потреба заменете го акумулаторот со нов.
  •  проверка на пневматиците – заменете ги летните пневматици со зимски и направете проверка на притисокот на пневматиците, зимските пневматици подобро прилегнуваат на влажни, замрзнати и лизгави коловози.
  •  обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави итн. – стаклата на вашиот автомобил треба да се секогаш чисти и одмрзнати (особено ветробранското стакло), а бравите и вратите да се отвораат без проблеми.
  • проверка на горивото – заради можните чести запирања или возење во погуст сообраќај, важно е секогаш да имате и доволно гориво во возилото затоа што горивото побрзо се троши при вакви ситуации.

Доколку не сте во можност сами да ги направите проверките, посетете сервис за автомобили.

 

РСБСП апелира: Внимавајте на зимските услови на коловозите! Бидете одговорни и подгответе се за безбедно возење во зима.

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот