Вие сте тука

Мисли на себе, мисли и на другите! Вози одговорно! - е пораката со која РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март

Жените денес се активни учесници во патниот сообраќај. Освен како пешаци и велосипедисти, денес, сѐ поголем број жени, активно учествуваат во сообраќајот и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%.

Да се биде жена возач,  денес во 21 век,  не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или  моден детал, туку едноставно, тое  е потреба и сериозна обврска.   Динамиката на живеење и секојдневните  и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја прават жената сигурна, цврста, решена, упорна и успешна во сите сфери на општествено живеење,  па и во возењето.

И покрај тоа што статистиката потврдува дека жените се безбедни возачи, дека брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за жените, дека  ретко може да се види жена да ги потценува последиците од  управување на моторно возило под дејство на алкохол, сепак  и покрај сите  општествени  напори,  за жал,  се уште постојат одредени суптилни форми на стереотипи  за тоа дека жените се лоши и небезбедни возачи.

Улогата и значењето на  жената за безбедноста  во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание  како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор  отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со порака до сите жени   „ Нека Ви е честит денот на жената 8 –ми Март и бидете внимателни и одговорни  учесници во сообраќајот.  Мислете на себе, мислете и на другите во сообраќајот! Нека вашиот личен пример и личен  придонес  биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво.  Вашата улога во семејството и општеството е незаменлива!  Ништо и никој  не може да ве замени како мајка, сопруга, другарка, партнерка,  пријателка..........Чувајте се, за вас и вашите најблиски!

По повод денот на жената,  8-ми Март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со партнерите организира женско возачко дефиле со цел подигање на свеста  против стереотипите за жените како лоши возачи.  Исто така, по повод  8-ми март,  РСБСП во соработка со МВР  организира едукативно превентивни настани и манифестации во повеќе градови истовремено. Централниот настан ќе се организира во „Скопје Сити мол“  во Недела на 8 март, и истиот опфаќа дистрибуција на цвеќе и едукативни  материјали за жените учесници во сообраќајот.

ЧЕСТИТ  „8- ми МАРТ“      

# ВОЗИОДГОВОРНО

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2020 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media