Вие сте тука

Меѓународна конференција во Србија  на тема: „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

Од 16 до 19 јуни, 2021 година, во Копаоник, Србија се организира меѓународна конференција на тема: „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“.  Конференцијата беше организирана од страна на Сообраќаен факултет – Белград и на истата присуствуваа голем број на професори и други истакнати стручни лица од областа на сообраќајот.  Покрај тоа, на конференцијата учествуваа и претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска, и други.На конференцијата активно учествуваа и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Целта на конференцијата беше унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата  преку реализација на  политики и мерки на централно и локално ниво.

 Во рамките на конференцијата беа реализирани голем број на стручни предавања, презентации, работни средби во работни групи, тркалезна маса за унапредување на безбедноста на сообраќајот, итн. Сите реализирани активности имаа за цел  размена на искуство, знаење и добра пракса  за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.Покрај многубројните работни средби со претставници од Сообраќајниот факултет во Белград, во рамките на конференцијата, Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска оствари работна средба со  Душко Пешиќ- Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на  Република Србија на која беше разговарано за детаљите околу реализацијата на „Летната Кампања 2021“ како и за можностите за нејзино проширување и во земјите од регионот.Конференцијата беше медиумски поддржана од медиумите во Република Србија. Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска учествуваше со изјава во медиумите на која ги потенцира, искуствата од конференцијата, искуствата од досегашната соработка со Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија,  планираните активности во наредниот период и ги потенцира  потребите за поголема соработка помеѓу сите надлежни субјекти  во земјите од регионот,  со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви на патиштата.

 

 

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот