Координација за побезбеден сообраќај: РСБСП и ОСБСП од општините во Пелагонија на работен состанок во Прилеп – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Координација за побезбеден сообраќај: РСБСП и ОСБСП од општините во Пелагонија на работен состанок во Прилеп

    1. Насловна
    2. Активности
    10 февруари 2026

    Денес, 10.02.2026 година, во Прилеп се одржа координативен работен состанок помеѓу Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), м-р Горан Ангеловски, и претседателите и членови на општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) од Пелагонискиот регион – Битола, Прилеп, Кривогаштани, Новаци, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар, како и претставници на СВР Битола – Отсек за превенција.

    На состанокот присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, г. Дејан Проданоски, кој даде поддршка на процесот за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Пелагонискиот регион. Целта на средбата беше унапредување на меѓусебната координација, зајакнување на организациските капацитети и дефинирање на приоритетните активности за наредниот период во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

    Фокусот на состанокот беше ставен на планирањето и синхронизацијата на идните активности помеѓу централното, регионалното и локалното ниво, со цел поефикасно и покоординирано спроведување на националните политики, програми и кампањи за зголемување на безбедноста на сообраќајот. Притоа, беше нагласена улогата на РСБСП како републичко едукативно и советодавно тело на Собранието, како и значењето на општинските ОСБСП како клучни локални советодавни тела задолжени за имплементација на мерките, едукативните и превентивните активности во рамки на единиците на локалната самоуправа.

    Преку отворена и конструктивна дискусија беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општинските совети, можностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и потребата од засилен теренски ангажман, континуирана едукација на граѓаните и воспоставување систематски и одржлив пристап кон превенцијата на сообраќајните незгоди.

    На крајот од состанокот беше истакнато дека оваа средба претставува почеток на поширок и структуриран процес на организација, координација и унапредување на работењето на локалните општински совети, како и интензивирање на спроведувањето на кампањите и превентивните активности на локално ниво. Крајната цел е опфаќање на сите категории граѓани со едукација и превенција, во рамки на нивните локални самоуправи.

    Овие активности се директен резултат и продолжение на заклучоците и декларациите усвоени и потпишани од градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа на Првата национална конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата во локалната самоуправа, која се одржа во декември 2025 година во Скопје.

    " Безбедност во сообраќајот, Едукација, институционална соработка, јавна безбедност, Кампањи, координација, Локална самоуправа, одржлива превенција, ОСБСП, патна безбедност, Пелагониски регион, Превенција, Прилеп, РСБСП, сообраќајна безбедност
    Претходна Објава:
    РСБСП: Почеток на второто полугодие – апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Координација за побезбеден сообраќај: РСБСП и ОСБСП од општините во Пелагонија на работен состанок во Прилеп

    РСБСП со традиционален новогодишен подарок: Детско-автомобилско седиште за првородените деца во 2026 година

    Новогодишен апел за безбедна и среќна 2026 година

    Последни објави од РСБСП

    • Координација за побезбеден сообраќај: РСБСП и ОСБСП од општините во Пелагонија на работен состанок во Прилеп
    • РСБСП: Почеток на второто полугодие – апел за зголемена безбедност на децата во сообраќајот
    • Апел за зголемена внимателност и одговорно учество во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS