Познатиот македонски модел Катарина Ивановска и гитаристот Владимир Четкар се дел од ѕвездите кои денес се приклучија и го дадоа својот придонес за кампањата на РСБСП за заштита на децата во сообраќајот.
Катерина Ивановска изјави дека во светот пракса е познатите личности да даваат поддршка за една ваква кампања, вистинско задоволство е што е дел од ова и апелира до возачите да внимаваат многу, особено кога се во прашање децата.
РСБСП упати благодарност до Катерина и до Владимир и ги повика и останатите јавни личности да го следат нејзиниот пример да го дадат својот придонес во една ваква општествено корисна и благодарна цел.