Кампања во Битола – Носи кацига вози одговорно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања во Битола – Носи кацига вози одговорно!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Моторциклисти
    Кампања во Битола –  Носи кацига вози одговорно!
    4 јули 2022

    Во рамки на кампањата ,,Носи кацига, вози одговорно”,  на 03.07.2022 година ( недела )  РСБСП во соработка со МВР, Отсекот за превенција при СВР – Битола и Факултетот за безбедност од Скопје, продолжија со своите активности.во Битола. Исполнувајќи ја својата советодавна задача се со цел  подигнување на нивото на сообраќајна култура со посебен акцент кај возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети, беа поделени едукативни флаери, ладна вода, маици како рекламен материјал и реализирани корисни разговори  со затекнатите учесници во сообраќајот.
    Во овој летен период,  бројот на велосипедистите, луѓето кои возат мопеди и електрични тротинети е секој ден се поголем. Од особена важност е сите овие да внимаваат како се однесуваат секојдневно. Потребно е како и останатите учесници во сообраќајот  да се движат на соодветните места наменети за нивната категорија, да ги почитуваат правилата и прописите , со што ќе се намали нивниот удел во сообраќајните несреќи во кои се жртви пред се пешаците.
    Лицата кои управуваат електрични тротинети, покрај осветлувањето треба да носат и рефлектирачки елеци доколку се движат во период откако доаѓа вечерта, па се до раните утрински часови.
    Со почитувањето на правилата и прописите, и со подигната јавна свест, како и со заштитните средства како што се кацигите, значително ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се намали бројот на инцидентите кај оваа категорија на учесници. Носењето кацига може да го спаси животот. Иако минатата година е најбезбедна во последните 15 години на ниво на држава, сепак имаме 11 возачи на мотори кои го изгубиле животот. Нашата задача е да  ги почитуваме правилата и носиме заштитен шлем, така што оваа бројка значително би се намалила, со тенденција да падне на нула. Податоците од првата половина на 2022 година на територијата на СВР Битола покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првата половина на 2022 година  може.да се каже  дека немаме жртви  моторциклисти, додека минатата година биле 2 жртви во првите пет месеци од 2021 година. Исто така и бројот на моторциклисти кои се здобиле со тешки телесни и телесни повреди е во намалување споредбено со минатата 2021година.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Носи кацига вози одговорно!
    Следна Објава:
    KAMПАЊА „БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2022 – ВОЗИ ОДМОРЕН!“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS