Новости и активности

Вие сте тука

Кампања на РСБСП и Триглав “Безбедни училишта – безбедни првачиња“

Децата ќе паднат,  ќе се турнат или ќе се лизнат.  Сето тоа е дел од детската игра и никој не би посакал живот на поинаков начин. Но, постојат мали работи што сите можеме да ги направиме за да се осигуриме дека децата ќе бидат безбедни и сигурни и да ги заштитиме од ситуации кои можат да доведат до несакани последици.

Безбедноста на децата во сообраќајот е заеднички приоритет и заедничка одговорностна секој поединец и на сите чинители во општеството. Грижата за нив е одговорност на јавниот сектор, невладините организации и на приватните компании.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување започнуваат со реализација на сообраќајно превентивната акција „Безбедни училишта – безбедни првачиња“.

Акцијата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“ започна во ОУ „Коле Канински“ во Битола, а ќе се реализира во повеќе од 20 општини и во рамките на акцијата  ќе бидат организирани голем број на сообраќајно-превентивни и едукативни активности и настани.

Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие во кое живееме. Со тоа всушност и децата секојдневно се изложени на потенцијални ризици и опасности, кои што ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. Имајќи го во предвид овој факт и статистичките податоци,  на иницијатива на РСБСП, а со поддршка на Триглав Осигурување, како општествено одговорна компанија, која се грижи за заедничко добро на сите граѓани, изработени се 4.000 флуоросцентни безбедносни елечиња кои ќе бидат доделени на учениците од прво одделение.

Покрај флуоросцентни безбедносни елечиња, кои што ќе бидат дистрибуирани за учениците од прво одделение, со цел поголема видливост на децата во сообраќајот, во рамки на превентивната акција ќе бидат организирани и едукативни предавања со цел едукација и запознавање на децата-првачиња со основните правила и прописи во сообраќајот и нивно оспособување за препознавање на ризикот и опасностите во сообраќајот. Јавните настани и едукативните предавања, кои што ќе бидат организирани во повеќе од 50 училишта во Република Македонија, ќе бидат надополнети со повеќе сообраќајно едукативни материјали – боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира, и др.

Превентивно-едукативната акција за поголема безбедност на децата во сообраќајот ќе биде реализирана на интересен и креативен начин, со цел децата преку забава и игра да ги научат основите на сообраќајот и основите на доброто сообраќајно поведение. Маскотата „Кучето – Пази“ ќе биде активен учесник на едукативните настани, на кои децата ќе ги совладуваат основните правила во сообраќајот.

Сообраќајна едукација на децата од најрана возраст е основниот начин за долгорочно и трајно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.  Грижата за безбедноста на децата е најмала работа која што можеме да ја направиме за нив.

Сепак, децата се само деца,  а заедничка одговорност на сите општествени чинители е да се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, да ги едуцираме, но пред сѐ да бидеме внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин да покажеме колку многу тие ни значат.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување ве потсетуваат безбедно и одговорно да учествувате во сообраќајот и да внимавате на најмладите учесници.

„Да ги заштитиме децата во сообраќајот – Безбедни училишта,  безбедни првачиња!„

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2018 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media