Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    4 октомври 2025

    Во овој период од годината, кога земјоделските активности се интензивираат и обработката на земјоделските површини е во својот најголем обем, значително се зголемува присуството на земјоделски возила (трактори, мотокултиватори и други мобилни машини) во патниот сообраќај. Овој факт ја зголемува потребата од строго почитување на сообраќајните правила и прописи, бидејќи непочитувањето на истите претставува сериозна закана за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    Управувањето со трактори и земјоделска механизација не е едноставна активност, туку одговорен и комплексен процес кој бара висока концентрација, дисциплина и одговорност. Неправилното, непрописното или неодговорното учество во сообраќајот од страна на овие возила може да резултира со сериозни сообраќајни незгоди и последици по животот и здравјето на граѓаните.

    Искуствата и практиките од терен укажуваат дека дел од возачите управуваат со трактори и работни машини без соодветна возачка дозвола, со технички неисправни или нерегистрирани возила, како и со возила кои не се соодветно осветлени или обележани. Овие пропусти претставуваат сериозен ризик и се фактори кои директно придонесуваат кон зголемување на бројот на сообраќајни незгоди.

    Имајќи го предвид ова, а со цел унапредување на сообраќајната култура и намалување на ризиците поврзани со управувањето на земјоделска механизација, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и оваа година ја реализира превентивно-едукативната кампања „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“.

     

    Во рамките на кампањата, РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи, општинските совети за безбедност во сообраќајот и други релевантни институции, спроведува низа активности:

    • засилени контроли од страна на сообраќајната полиција;
    • едукативни материјали и разговори со возачите на трактори и земјоделски машини;
    • организирање трибини, обуки и јавни поуки;
    • дистрибуција на флуоросцентни налепници, ротациони светла и друга опрема за зголемена видливост и безбедност.

    Дополнително, дел од активностите се реализираат преку традиционалните и електронските медиуми, како и преку социјалните мрежи, со цел подигнување на јавната свест за последиците од неодговорно учество во сообраќајот.

    РСБСП упатува јасен апел до возачите на трактори и земјоделска механизација:

    • Управувајте исклучиво со технички исправни возила;
    • Осигурајте ги светлосно-сигналните уреди да се во целосна функција;
    • Користете само регистрирани и осигурани возила;
    • Поседувајте важечка возачка дозвола за управување;
    • Почитувајте ги сите сообраќајни правила и прописи.

    Безбедноста при управување со трактори и земјоделска механизација претставува основа за успешна и безбедна работа. Строгото придржување кон законските обврски не само што го намалува ризикот од сообраќајни незгоди, туку и овозможува сигурно, продуктивно и одговорно користење на земјоделските машини, со што се заштитуваат и животите и имотот на граѓаните.

    " Активности, Безбедност, ВозиОдговорно, Едукација, Кампања, Препораки, РСБСП, Трактор
    Претходна Објава:
    Претседателот на РСБСП на прв академски час од новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    РСБСП дел од „Меѓународна конференција за одржлива урбана мобилност“

    Последни објави од РСБСП

    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“
    • Претседателот на РСБСП на прв академски час од новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје
    • Стапуваат на сила новите измени на ЗБСП

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS