Во месеците април и мај 2023 година РСБСП, во соработка со МВР, реализира кампања под мотото „На матурска вечер без автомобил“. Кампањата традиционално се реализира во овој период од годината со цел да се влијае врз младите за време на матурските прослави да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. РСБСП секоја година редовно апелира
на совесност и сериозност затоа што сообраќајот не е игра. Кампањата се реализираше во повеќе средни училишта во Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Кочани, Виница, Кавадарци, Тетово, Струга, Велес, Ресен, Прилеп, Демир Хисар и др. Матурантите, преку едукативни предавања, беа потсетени на сообраќајните правила и прописи кои треба да ги почитуваат како идни возачи и им беше упатен апел на матурската вечер да одат без автомобил заради својата, а и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.