Кампања „Безбедно на трактор“ – РСБСП со апел за внимателност до возачите на трактори и други мобилни машини – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања „Безбедно на трактор“ – РСБСП со апел за внимателност до возачите на трактори и други мобилни машини

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Кампања „Безбедно на трактор“ – РСБСП со апел за внимателност до возачите на трактори и други мобилни машини
    24 октомври 2021

             Во овие есенски денови, кога обработката на земјоделските површини е во најголем замав и кога е актуелна бербата на грозјето, пченката, жетвата на оризот итн., бројот на земјоделски возила (трактори, мотокултиватори и други мобилни машини кои учествуваат во сообраќајот) значително се зголемува. Ова претставува дополнителна и сериозна опасност во патниот сообраќај,

    Сообраќајните незгоди во кои што учествуваат земјоделски возила најчесто завршуваат со загуба на животи, тешки телесни повреди и огромни материјални штети. Статистичките податоци покажуваат дека:

    • секоја година по неколку возачи на трактор и патници на трактор или приколка го губат животот во сообраќајни  незгоди;

    • во првите шест месеци од 2020 година, еден возач на трактор го загубил животот, а во сообраќајна незгода се повредени 12 лица;

    • во летниот период од 2020 година, според неофицијални податоци на РСБСП, двајца возачи на трактор го загубиле животот.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат совесни и да размислуваат за опасностите во сообраќајот. РСБСП посебно апелира до возачите на трактори и мотокултуиватори да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да управуваат технички исправни возила и да бидат соодветно осветлени во ноќни услови и во услови на намалена видливост.

    Искуството од теренот и податоците од станиците за технички преглед на возила покажуваат дека  голем број на возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола, како и дека голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини учествуваат во сообраќајот нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни.Во рамки на кампањата „Безбедно на трактор“, РСБСП во соработка со МВР, организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоресцентни налепници, триаголници и ротациони светла.

    РСБСП реализира и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел подигнување на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор итн.

    Реализацијата на оваа кампања ќе придонесе за повисока сообраќајна едукација на возачите на трактори, приколки, мотокултиватори и останатите учесници во сообраќајот, како и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

    РСБСП апелира до возачите на трактори и други работни машини:

    „Бидете внимателни и означете ги возилата со законски пропишаната сигнализација кога сте вклучени во сообраќајот. Бидете видливи за останатите учесници во сообраќајот за да се избегнат сообраќајни незгоди со повреди и несакани загуби.“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози – ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО!
    Следна Објава:
    ВОЗЕЊЕ ВО ЕСЕНСКИ УСЛОВИ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS