Како да изберете и како правилно да поставете детско седиште во автомобил? – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Како да изберете и како правилно да поставете детско седиште во автомобил?

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Како да изберете и како правилно да поставете детско седиште во автомобил?
    28 јануари 2020

    Користење на детско седиште во автомобил за превоз на деца на возраст до 5 години е законска, морална, етичка, возачка и пред се родителска обврска.   Иако постои тенденција на зголемена употреба на детски седишта во автомобилите, сепак, евидентен е фактот дека бројот на родители/возачи кои не користат детски седишта за превоз на деца до 5 години не е мал.Со цел поголема употреба на детските седишта и поголема заштита на децата патници во сообраќајот,  РСБСП со корисни совети, информации и одговори за тоа како да изберете и како правилно да поставите детско седиште во автомобил:

    1. За комплетна заштита на децата во сообраќајот особено е важно да се одбере соодветно седиште и истото правилно да се постави.  Детските седишта се поделени во неколку групи, во зависност од телесната тежина на детето. Имајте во предвид дека седиштето е направено во согласност со просечната висина и тежина за дете. За да може седиштето да го штити детето на вистинскиот начин, важно е  да одберете седиште кое одговара на конституцијата на вашето дете.

     Во согласност со тежината на децата, детските седишта се поделени во неколку категории и  тоа:     

      –            0     за деца од раѓање до 10 килограми

      –            0+   за деца од раѓање до 13 килограми

      –            1      за деца од 9 до 18 килограми

      –            2      за деца од 15 дo 25 килограми

      –            3      за деца од 22 до 36 килограми (бустер – безбедносно седиште).

                 Постојат и комбинирани седишта кои покриваат повеќе групи истовремено.

           2. Особено  важно е да се одбере седиште со ознака ECE R44, која означува дека се работи за производ кој е во согласност со строгите законски прописи и безбедносната регулатива и стандарди на Европската унија.  На седиштето, треба да има и ознака за извршено тестирање, како и информации за видот на седиштето, односно да биде наведено за кој тип на автомобил може да се користи.

            3. Со секое седиште се добива упатство за користење со детални инструкции со цртежи за правилно монтирање и многу е важно да се придржувате до нив. Кога се монтира, посветете внимание поставеното седиште да не се движи лево или десно и да стои цврсто во место.

    Прашањето што се наметнува е каде и како да се постави седиштето во автомобилот?

    •  Седишта од групата 0:  Кога станува збор за седиште од група 0, важно е да се напомене дека иако законот дава можност седиштето да се постави на предното совозачко седиште, најдобро е детското седиште да се постави во задниот дел, во спротивна насока од насоката во која се движи возилото. Од безбедносни причини, но и од опасност да се активира воздушното перниче, не се препорачува детското седиште да се постави на совозачкото седиште. Препорачливо е детското седиште да се постави назад, на средина на клупата, а доколку тоа не е можно, се поставува зад страната на возачот или совозачот.

    •  Седишта од групата 0 и 1: Детските седишта, од групата 0 и 1, имаат и свој појас, со таканаречена заштита во три или пет точки (рамо, препони и бут). Доколку врзувањето е во средината на градите на детето, ременот е правилно наместен, а дали е добро затегнат, може да се провери преку растојанието меѓу лентата од појасот и градниот кош на детето кое не треба да е пошироко од еден прст.

    • Седиште од групата 1, 2, и 3. Експертите препорачуваат, децата да се возат во насока на патувањето само кога можат да седат независно и цврсто и кога имаат телесна тежина над 9 килограми, а оптималната возраст за тоа е околу 1 година. Детското седиште од наведените групи се препорачува  да се постави назад, на средина на задната клупа.

     

    РСБСП со важна напомена: Детско седиште не смее да се постави  на предното седиште  од возилото доколку возилото поседува воздушни перничиња или доколку тие не се исклучени.

    На секое патување, користи детско седиште и заштити ги децата од повреди и загуби во сообраќајот!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со совети и одговори: Зошто треба да користете детско седиште во автомобил?
    Следна Објава:
    Работен состанок помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија со цел унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуство, знаење и добри практики
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS