Како да избегнете замор при долготрајни возења – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Како да избегнете замор при долготрајни возења

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Како да избегнете замор при долготрајни возења
    27 јули 2018

    Заморот се смета за една од петте фатални причини за сообраќајни незгоди, одговорна дури за 20 проценти од сите сообраќајни  незгоди што се случуваат.

    Многу возачи ќе признаат дека барем еднаш во животот се замориле возејќи,  и од некоја причина не застанале. Чувството кога очите ви се затвораат на 2 секунди, а вие возите и понатаму, може да ве чини живот!

    Нивото на замор е нешто што секој возач мора да го следи за да не се случи да го загрози сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Токму поради тоа, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со совети како во текот на возењето да останете будни.

    РУТА: Доколку тргнувате на долг пат, изберете поинтересна рута. Патувајте по  патишта кои бараат поголема фокусираност, поголема промена на брзината,  повеќе кочење односно патувајте по патишта кои имаат повеќе содржина во возењето.  

    ПЛАН: Покрај патот, испланирајте и места за застанување. Не претерувајте во желбата одеднаш да поминете што поголема далечина. Доколку патувате во група, бидете свесни дека можеби немаат сите кондиција да издржат како вас и дека паузата некому ќе му  биде од голема полза.

    ДОБРО НАСПИЈТЕ СЕ: Ноќта пред да заминете на пат, не останувајте будни до доцна и не претерувајте со алкохол. Исклучително е важно и да не тргнувате премногу рано, доколку не сте доволни одморени.

    ВОДА: Пијте повеќе вода. Тоа пред сѐ ќе спречи можност за дехидратација, која може да доведе до вртоглавица, збунетост и слаби моторички способности. Избегнувајте напивки со многу шеќер и алкохол.

    Храна: Јадете помалку и избегнувајте „тешка“ храна. Ваквата храна може да го забави вашето тело кое ќе биде концентрирано на варење на храната.

    ПАУЗИ: Правете кратки паузи на секои два часа. Долгите паузи се препорачуваат меѓу 15 и 17 часот бидејќи во овој период од денот возачите се повеќе заморени. Најдобро е да го испланирате времето и доколку е можно до  овој период да стигнете до посакуваната дестинација.

    ВЕЖБАЊЕ: Размрдајте се во текот на паузата. Обична прошетка ќе биде доволна за тоа.

    МУЗИКА: Некои луѓе велат дека слушањето музика во текот на возењето ги успива. Зависи што слушате. Најчесто се препорачува слушање  „тврда или жива“ музика.  Бучавата на ветрот, исто така може да го умори возачот.  Внимавајте на прозорците.

    ГРУПИ: Возете во мала група доколку е тоа возможно. Лесно е да изгубите концентрација кога возите сами.

    СВЕЖ ВОЗДУХ:  Пропуштајте свеж воздух и кислород во автомобилот  колку што е можно почесто. Свежиот воздух ве држи буден и концетриран и ја освежува возачката способност. 

    ПРЕТЕКНУВАЊЕ: Не навлекувајте се зад други возила. Доколку е безбедно, поминете ги бидејќи претекнувањето ги буди чувствата. Кога возите долго зад некое друго возило, фокусот на тоа возило може да има хипнотично, приспивно дејство. Но, не мислете дека и возењето со голема брзина може да ве одржи будни. Најдобро е да има рамнотежа.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со порака: Дефанзивното возење спасува животи
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Останете безбедни во сообраќајот и одбележете го празникот достоинствено
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS