„И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП

    1. Насловна
    2. Кампањи
    „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП
    16 декември 2017

    Се бројат деновите до крајот на 2017 година  и  почетокот на новата календарска година.  Годината што помина останува позади нас. За некои беше успешна,  за некои помалку успешна, за некои, за жал,  трагична. Статистичките податоци покажуваат дека во 2017 година бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди е намален во однос на претходната година, но и покрај тоа,  бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди,  сеуште е голем.

    Во 2017 годината,  за жал, голем број на лица го загубија животот во сообраќајни незгоди,  голем број се  здобија со телесни повреди.  Многу  семејства оваа година ќе ја завршат без некои  од своите  блиски и драги членови.

     Периодот на новогодишните и божиќните празници е карактеристичен по големиот број веселби, изобилство на алкохол, забави до раните утрински часови, проследени со интензивен  сообраќај, долги патување, смрзнати коловози…  По тој  повод, РСБСП со нова кампања под мотото: „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.

    Кампањата ќе се реализира преку електронски медиуми, социјалните мрежи, билбордите и во локалите и објектите  каде што младите ќе се  забавуваат во пресрет на најлудата ноќ.

    ,,Оваа кампања е креирана во духот на позитивното празнично расположение, а преку љубовта и припадноста што се отсликуваат во неа,  целиме кон тоа,  да ги потсетиме сите учесници во сообраќајот дека за новогодишните и божиќните празници најважно е да стигнеме здрави, живи и безбедни во своите домови и празниците да ги поминеме во кругот на семејството и пријателите. Идејата на РСБСП е новата 2018  година да ја започнеме со мисла,  со надеж и со верба,  дека овaа треба да биде најбезбедната година до сега.“ – велат од РСБСП.

    Да ја дочекаме новата година со позитивна мисла и со желба  да донесе побезбеден сообраќај, побезбедни патиштата, одговорни возачи,  здравје и подолг живот за нас и за нашите блиски.

    Нашата желба, нашето мото, нашата цел е 2018 година да биде најбезбедна досега. Да се намали бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди,  е желба на  сите граѓани – на  сите учесници во сообраќајот.  

    За оваа желба да стане реалност потребна е поголемa  лична и колективна свест и одговорност.  Секој поединечно и сите заедно можеме да го направиме сообраќајот да биде безбеден и сигурен.  Од нас самите зависи, од нашата култура , од нашата желба,  толеранција, дисциплина. Од тоа колку ќе ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. Последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни за да  бидеме комотни во сообраќакјот, затоа  во 2018 година бидете позитивен пример и дајте го својот придонес за побезбеден сообраќај. 

    РСБСП  апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни,  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не возат брзо и да не возат  под дејство на алкохол.   Новогодишните прослави највесело и најбезбедно ќе ги поминете  доколку се одлучите на нив да заминете без својот автомобил. 

    Нека 2018 година биде најбезбедна досега! –  “Вози Одговорно!“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Совети за поголема безбедност во сообраќајот во зима
    Следна Објава:
    РСБСП – добитник на наградата ‘Сајт на годината’
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS