Вие сте тука

И јас и ти - сите сме пешаци

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи  и Факултетот за безбедност од Скопје, денес во Гостивар, ги продолжија своите активностите во насока на  подигнување на нивото на сообраќајна култура. Акцијата е организирана во рамки на кампањата „И јас и ти - сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“.     На жителите на Гостивар им беше поделен едукативно - превентивен материјал со цел унапредување на безбедноста, пред се на пешаците. Низ разговори се даваа препораки за однесувањето на пешаците и на возачите, се со цел  намалување на ризиците во сообраќајот и зголемување на безбедноста.
Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во РСМ во последните 15 години. Податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
На денешниот настан, воедно беше упатен апел до сите матуранти, да бидат одговорни учесници во сообраќајот во овој период на матурски прослави.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот