Во рамките на активностите за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Општина Гази Баба и МВР, одржаа едукативно предавање за сообраќајните правила и прописи кои што земјоделците треба да ги почитуваат при управување со земјоделска механизација за нивно безбедно учество во сообраќајот. На настанот беа поделени и рефлектирачки триаголници и едукативен материјал.