Со цел едукација на младите и подигнување на свеста за последиците од сообраќајните незгоди, а по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, РСБСП организира сообраќајно едукативна работилница за младите. Настанот се одржа на ден 19.11.2018 (понеделник) во просториите на креативен центар “Јавна соба” – Скопје и на истиот присуствуваа ученици од СУГС “Владо Тасевски”- Скопје.
На настанот посебно беше ставен акцент на безбедноста на младите во сообраќајот, брзото возење и акохолот како ризик фактори кои ја загрозуваат безбедноста на младите во сообраќајот. Учесниците на работилницата покажаа високо ниво на заинтересираност и активно учествуваа во истата со предлози, идеи и сугестии како да се унапреди безбедноста на патниот сообраќај.
Веруваме дека учесниците на настанот извлекоа корисни поуки од истиот и очекуваме во иднина да произлезат голем број на иницијативи и предлози за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата во Република Македонија.