“БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА-БЕЗБЕДНИ ПРВАЧИЊА” -нова заедничка кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување. Одржана едукативно превентивна акција во скопските основни училишта “Лазо Ангеловски” и ” Гоце Делчев”. Во оваа едукативна акција беа опфатени околу 300 деца. РСБСП и Триглав Осигурување продолжуваат и понатака со едукација на децата за сообраќајот.