Донација од РСБСП за Општина Охрид – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Донација од РСБСП за Општина Охрид

    1. Насловна
    2. Активности
    rsbs-ohrid-500
    24 јули 2015

    Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес на заедничката прес-конференција која се одржа во просториите на Општината, го означија почетокот на засилената заедничка соработка во процесот на унапредување на сообраќајно превентивното дејствување на локално ниво.

     

    Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата донираше одбројувачи за семафори (лантерни) кои во наредниот период ќе бидат поставени на повеќе фрекфентни крстосници во Охрид и ќе имаат за цел да го регулираат сообраќајот на пешаците.

    -Високите температури, сообраќајниот метеж  се карактеристични за овој период од годината особено за туристички центри како Охрид. Ваквите состојби често пати создаваат нервоза и нестрпливост кај учесниците во сообраќајот посебно кај пешаците. Затоа сметаме дека инсталирањето на ваква сообраќјна опрема значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста на пешаците во сообраќајот, истакна Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски, истовремено  апелирајќи и до останатите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а особено да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол.

    Градоначалникот на Охрид го истакна своето задоволство од остварената соработка и притоа потенцираше дека во иднина Општината ќе вложи поголеми напори за подобрување на протечноста и безбедноста во сообраќајот во градот Охрид  и подигање на сообраќајната култура на едно повисоко ниво.

    На заедничката средба и двете страни истакнаа дека безбеден сообраќај за сите учесници во сообраќајот е заедничка и приоритетна цел и дека соработката ќе продолжи и во иднина со засилени и темелни активности.  Во таа насока а со цел обезбедување на безбеден и протечен сообраќај, Републичкуиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе донира светлосни сообраќајни знаци – семафори.

    Во наредниот период  РСБСП во соработка со Општината, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и МВР ќе реализираат повеќе заеднички активности со цел намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи. 

    Засилување на улогата на локалната самоуправа во процесот на унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата претставува една од приоритетните цели дефинирани во Втората национална стратегија, за што општина Охрид и денешниот настан преставуваат вистински позитивен пример.

    " Активности, ВозиОдговорно, Празници, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП Втора Национална Стратегија за Безбедност во Сообраќајот
    Следна Објава:
    Совети за патување во летен период
    letenperiod1
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS