Вие сте тука

ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА КАМПАЊА ЗА ПЕШАЦИ

 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, денес започнува со спроведување на кампања за подобрување на безбедноста на најмасовната и најранливата категорија учесници во сообраќајот - пешаците, под мотото „И јас и ти - сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. Оваа кампања ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови од Република Северна Македонија.  Во кампањата ќе се стави акцент на причините поради кои пешаците страдаат во сообраќајни незгоди, ќе се потсетува на сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на пешаците, а постојано ќе се даваат препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што безбедноста на пешаците и на возачите е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.

 

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот