Вие сте тука

Да ги заштитиме децата во сообраќајот!

Со почетокот на учебната година  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи ја започнаа кампањата ,,ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ'' .Истата ќе се реализира во текот на целата учебна година , на територијата на цела држава и ќе бидат опфатени најголемиот дел од децата.
 Првиот училишен ден беше посетено ОУ ,,Коле Канински'' од Битола. На настанот на кој присуствуваа и претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска и претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Сузана Елковска, на првооделенците им беше поделен печатен едукативно - информативен материјал. Исто така им беа презентирани основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на безбедноста на децата, со потенцирањето на пешачкиот премин како место каде треба  да ја поминуваат улицата и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Денес беа остварени средби со учениците од ОУ ,, Димитар Миладинов'' од општина Центар, Скопје. И со учениците од ова училиште беше остварена средба, беа советувани како да се однесуваат како учесници во сообраќајот и им беше предочено за важноста да ги знаат и да ги спроведуваат сообраќајните правила и прописи.
Истовремено на неколку локации во близина на основните училиштата во Струмица, полициските службеници остварија информативно - едукативните разговори со учениците од основните училишта.
РСБСП упатува апел до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовни установи. Воедно, на сите деца им укажува да бидат внимателни, одговорни и претпазливи како пешаци, велосипедисти и  возачи на тротинети.
БЕЗБЕДНО ДЕТЕ - ЗА БЕЗБЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА!!!

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот