Со цел поголема безбедност во сообраќајот Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во пресрет на празниците реализира кампања под мотото „Вози одговорно за среќна и безбедна година!“
Не управувај со моторно возило доколку си под дејство на алкохол! Ова е една од главните пораки до возачите во пресрет на празниците.
Кампањата се реализира со цел укажување на штетното дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило и подигнување на свеста кај возачите за одговорно учество во сообраќајот…