Биди подготвен за безбедно патување во зима – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Биди подготвен за безбедно патување во зима

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Биди подготвен за безбедно патување во зима
    4 декември 2020

    „Биди подготвен за безбедно патување во зима“  е мотото на акцијата која денес ја организираа  РСБСП и МВР, со поддршка од Мотоцентар и Skopje City Mall.

    Денешниот настан беше организиран во рамките на Зимската кампања 2020-2021  и имаше за цел подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата и презентација на позитивните ефекти од употребата на зимската опрема.  Во таа насока, покрај засилените сообраќајни контроли за поседување на зимска опрема во возилата, возачите  денес добиваа совети, едукативни материјали и ваучери за полесно обезбедување на соодветна зимска опрема.Согласно тоа, на денешниот настан возачите беа уште еднаш информирани и потсетени  дека од 15 ноември до 15 март наредната година возачите имаат обврска за поседување на зимска опрема во возилата.         

    Под зимска опрема за моторни возила со дозволена маса до 3.500 kg, се подразбира, зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите  од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала. 

    Под зимска опрема за моторни возила со маса над  3.500 kg се подразбира: зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите  од шест милиметри (6mm) или летни  гуми  на сите тркала со длабочина на шарите  од  минимум  четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала.Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

    Со цел појасно толкување на  Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег.  Исто така,. особено важно е тоа што обврската за носење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

    Апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни, да користат соодветна зимска опрема и да направат соодветна зимска проверка и подготовка на возилото. Дожд, снег, влажни и замрзнати колoвози,  не дозволувајте ништо да ве изненади. Бидете подготвени за безбедно патување во зима – истакна Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска  по повод денешната едукативна акција.

    #КористиЗимскаОпрема!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со потсетување: Зимските гуми обезбедуваат стабилност и безбедност при возењето во услови на ниски температури и замрзнати коловози!
    Следна Објава:
    РСБСП со апел до возачите: „Големиот број на сообраќајни незгоди и последиците од нив, нека бидат потсетување за поголема употреба на зимска опрема во возилата“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост
    • Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот
    • РСБСП апелира: За време празникот 8 Декември, возете безбедно-стигнете сигурно!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS