Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината

    1. Насловна
    2. Активности
    Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината
    26 јануари 2018

    РСБСП: Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на  брзината

    Брзината и брзото возење се критичен ризик-фактор за предизвикување на  сообраќајни незгоди со повредени и загинати лица. Секое стискање на педалата за гас значи и повеќекратно зголемување на ризикот и опасностите за предизвикување на сообраќајна незгода со тешки последици.  Околу 40% од сообраќајните незгоди со загинати лица случени на територијата на Република Македонија се предизвикани од возење со брзина поголема од дозволената.  Во 2016 година , 1260 лица се здобиле со телесни повреди или со тешки телесни повреди, а 69 лица – нечии мајки, татковци, синови и ќерки – ги загубиле животите како последица на брзото возење.  Слична е состојбата и во 2017 година.

    Се поставува прашањето: Дали и зошто возачите ја потценуваат сериозноста и опасноста од брзото возење? Истражувањето на РСБСП покажува дека 86 % од возачите некогаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината. Најголем дел од возачите си земаат за слобода да не ги почитуваат сообраќајните знаци за ограничување на брзината затоа што сметаат дека:

    • Минимално пречекорување на брзината (20 или 30 км/ч)  нема да ја загрози безбедноста на сообраќајот
    • Мислат дека таквото однесување е во ред и дека нема да бидат казнети
    • Постојано каснат и брзаат да стигнат на  одредена-  договорена локација
    • Се расејуваат и не обрнуваат внимание на брзината
    • Ги преценуваат своите возачки вештини и мислат дека возат безбедно
    • Немаат  сообраќајна култура и дисциплина на почитување на сообраќајните знаци

    Колку и да се бараат оправдувања и причини за непочитување на правилата за ограничување на брзината, вистината е дека секое пречекорување на дозволената брзина претставува закана за животот и здравјето на учесниците во сообраќајот.  Токму затоа,  РСБСП апелира до возачите да бидат максимално одговорни и дисциплинирани и целосно да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината .  Секое пречекорување на брзината значи и чекор поблиску до фатална незгода.  Мислете навреме, намалете ја брзината благовремено,  да не  се каете и да не жалите цел живот.

    Почитувањето на сообраќајните правила е гаранција за безбеден сообраќај, затоа РСБСП со потсетување за најважните правила кои се однесуваат на брзината на возење:

    • Возачот е должен брзината на движењето на возилото да ја приспособува кон својата состојба и кон  состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, на начин да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадените услови може да ја предвиди.
    • Возачот чие возило заради техничката состојба, состојбата на товарот или други причини не е во состојба да ја следи утврдената брзина на движење на возилата на патот и со тоа го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а заради непостоење на услови за безбедно престигнување се создава колона на возила, е должен да вози по крајната десна страна на коловозот, а ако и тоа не е доволно должен е да го запре возилото на првото погодно место надвор од коловозот за да ги пропушти возилата што се движат зад него.
    • Возачот на возилo кое  заради техничката состојба, состојбата на товарот или други причини не е во состојба да ја следи утврдената брзина на движење на возилата на патот , и се движи со помала брзина од  половината на најголемата дозволена брзина определена според видот на патот или дел од патот, е должен да ги вклучи сите покажувачи на правецот или жолтото ротационо светло.
    • Возачот не смее да го менува начинот на управување со возилото со нагло намалување или зголемување на брзината на движењето и да го стартува возилото постигнувајќи притоа горна граница над дозволениот број вртежи на моторот, односно пролизгување на погонските тркала, освен во случај на непосредна опасност.
    • Возачот кој е со намера значително да ја намали брзината на движењето на возилото, е должен тоа да го стори, освен во случај на непосредна опасност, на начин со кој нема да го загрозува или во поголема мера да ги попречува другите возачи што се движат зад него, како и да ги предупреди тие возачи за својата намера со вклучување на стоп-светлото или со давање на соодветен знак со раката.
    • На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 km/h, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за определен негов дел. Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
    • Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина.  Покрај тоа на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
    • Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина. 
    • Глоба во износ од 10 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возач кој во населено место се движи со брзина  поголема до 10 km/h над дозволената брзина.
    •  На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

    – 130 km/h на автопат;

    – 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила

    – 90 km/h на други патишта

    • На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.
    • Парична санкција во восина од 400 евра во денарска противвредност  ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина .  Покрај  тоа  на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.
    • Парична санкција  во износ од 300 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина  и  ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.
    • Парична санкција од 45 евра во денарска противвредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина.
    • Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возачот  кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.

    Санкциите за неопочитување на правилата за ограничување на брзината во и надвор од населено место се големи, но онаа што е најважно е возачите да сфатат дека тие се намемети за неодговорните возачи и имаат за цел да спасат човечки живот.

    РСБСП со апел:Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на брзината

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Пијаните возачи – закана за безбедноста во сообраќајот за време на празниците
    Следна Објава:
    Промени во ЗБСП што се однесуваат за возачите кои имаат над 65 години
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS