Безбедноста во сообраќајот на прво место, МВР и РСБСП со камапања за зголемена безбедност , 231 санкционирани пијани возачи! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедноста во сообраќајот на прво место, МВР и РСБСП со камапања за зголемена безбедност , 231 санкционирани пијани возачи!

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Безбедноста во сообраќајот  на прво место, МВР и РСБСП со камапања за зголемена безбедност , 231 санкционирани пијани возачи!
    12 јули 2021

    МВР и РСБСП  продолжуваат со засилени  едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и  со засилени контроли на сообраќајната полиција, се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

    „Безбедноста во сообраќајот  на прво место.“  „ Не го потценувај заморот. Вози одморен! “  „Не вози под дејство на алкохол. “  Намали ја брзината, затоа што брзото возење изнудува грешки кои завршуваат фатално!“ се дел од пораките кои МВР и РСБСП овој викенд ги упатуваа  до учесниците во сообраќајот  во Битола со цел подигање на свеста за важноста и за потребата од одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

    МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни и да разберат колку е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи затоа што само на тој начин, преку јакнење на колективната свест, и колективното разбирање  може да го направиме сообраќајот побезбеден за сите.

    РСБСП и МВР продолжуваат со активностите во рамките на Летната кампања. Сообраќајно превентивните активности се наменети за сите учесници во сообраќајот. Укажуваме на влијанието на заморот на безбедноста во сообраќајот. Со помош на таканаречени  “Пијани  наочари“  кои симулираат перцепција  на лице под дејство на алкохол, укажуваме на ризикот, опасноста и последиците од возењето под дејство на алкохол, укажуваме и  на последиците од брзото и агресивно однесување во сообраќајот.  Учесниците во сообраќајот даваат поддршка  за кампањата и веруваме дека сите вложени напори од РСБСП и МВР на крајот ќе резултираат со намалување на бројот на сообраќајни незгоди – изјави Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП на денешниот настан во Битола.  Oд  МВР  најавуваат дека продолжуваат превентивните и  репресивни теактивности.

    „Наша цел е да допреме до сите граѓани. Во активностите кои што ги реализираме со РСБСП ги потсетуваме граѓаните дека безбедноста во сообраќајот, покрај другото е лична обврска и лично право на секој учесник во сообраќајот, и секој кој што учествува во сообраќајот е должен да ги почитува сообраќајните правила и прописи. Најголем дел од граѓаните се одговорни и совесни учесници во сообраќајот, но за жал се уште имаме учесници во сообраќајот кои возат под дејство на алкохол, управуваат моторно возило без возачка дозвола или ги прекршуваат правилата за ограничување на брзината.  За ваквите возачи нема место во сообраќајот и  ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќајот. Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07 до 12 часот на територијата на целата држава имаме 434 санкции за возење со поголема брзина од дозволената. Синоќа пак, во периодот од 23 до 05 часот санкционирани се 231 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а од нив 35 на територија на СВР Битола. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период се со цел заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот  – изјави Тони Ангеловски,портпарол на МВР.

    #ВОЗИОДГОВОРНО!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Промоција на прирачник за возачи почетници
    Следна Објава:
    „Не го потценувај заморот – Вози одморен!“, превентивна акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS