Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! – Едукативно предавање за основците од Петровец – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! – Едукативно предавање за основците од Петровец

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    img_9535
    9 ноември 2015

    Учениците од  Основното училиште “ Кочо Рацин“ во општина Петровец  од денес (09.11.2015 година) се значаен и  силен составен дел од кампањата „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Имено, учениците од споменатото  училиште испратија пораки до возрасните учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,  но посебено апелираа да внимаваат на децата во сообраќајот затоа што безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните. Покрај тоа,  во рамки на денешниот настан, претставници од СВР Скопје – Одделение за сообраќајна превенција, реализираа  едукативно предавање за децата чија основна цел е да им помогнат на децата во учењето на сообраќајните правила и прописи и во градењето на сообраќајната култура.  На учесниците на денешниот настан, но и на сите останати ученици од основните училишта во општина Петровец  им беа поделени училишни помагала со сообраќајни пораки да внимаваат во сообраќајот.

    На едукативното предавање учествуваше и градоначалникот на општина Петровец  г-дин Борче Митевски кој истакна дека општина Петровец  секогаш ги подржува ваквите настани и дека  и во иднина ќе ги подржува. Покрај тоа градоначалникот напомена дека општината ги преземе сите неопходни мерки за безбеден и протечен сообраќај.

    Кампањата, чија цел е  подигање на јавната свест за поголема безбедност на децата во сообраќајот,   која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата под мотото „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ интензивно се реализира на теритотријата на цела држава со подршка на Општинските совети за безбедност на сообраќајот, Локалната самоуправа и Секторите за внатрешни работи.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_9009
    Претходна Објава:
    Корпоративна опшествена одговорност за побезбеден сообраќај
    Следна Објава:
    Од 15 ноември стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема!
    11112014111409_zimska_oprema
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот на РСБСП дел од „XIV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    Последни објави од РСБСП

    • Претседателот на РСБСП дел од „XIV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS