Безбедно престигнување на посакуваната дестинација е основен предуслов за добар одмор и убаво поминат викенд – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедно престигнување на посакуваната дестинација е основен предуслов за добар одмор и убаво поминат викенд

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Безбедно престигнување на посакуваната дестинација е основен предуслов за добар одмор и убаво поминат викенд
    16 јуни 2016

    Долгоочекуваниот продолжен викенд е пред нас, а веројатно многумина од вас веќе ги организирале овие неколку дена за викенд патување и продолжен одмор. Сепак, она што треба да го знаете е дека продолжениот викенд ќе донесе и поголем интензитет на сообраќај и поголема фреквенција на автомобили, од вообичаеното. Секогаш треба да имате на ум дека почитувањето на сообраќајната сигнализација е основен предуслов за безгрижно патување и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација, а тоа резултира со добар одмор и убаво поминат викенд.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот, да бидат внимателни и одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да ги почитуваат сообраќајните знаци, да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Статистичките податоци за првите 5 месеци од 2016 година, покажуваат  дека 54 лица  го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Продолжениот викенд и летниот период традиционално значат и поголем ризик и поголема опасност во сообраќајот.

    РСБСП препорачува–Сообраќајната култура и меѓусебното почитување секогаш да ви бидат на прво место. На секое патување најважно е да се стигне до саканата дестинација здрав и жив.

    Затоа:

    Бидете трпеливи

    Во деновите на продолжен викенд, трпеливоста е многу важен фактор за безбедноста на сообраќајот на патиштата, па едноставно, ќе ви биде полесно доколку се помирите со фактот дека е гужва, колони од возила ќе има на наплатните рампи, како и на граничните премини. Внимавајте на престигнувањето и никако на практикувајте слалом возење!

     

    Не брзајте

    Брзањето може само да ви го искомпликува патувањето. Испланирајте го навремено тргнувањето, проверете ја техничката исправност на возилото, станете порано и проверете дали документите потребни за патување се со вас.

     

    Секогаш бидете смирени!

    Почитувајте ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци

    Почитувањето на сообраќајната сигнализација и  сообраќајните знаци е основното правило за безбедно управување со возилото. Бидете внимателни, следете ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци, тие се поставени за вас, да ве известат за безбедната брзина на движење на патот, за условите на патотот, за опасностите на патот, за одрони, лизгав коловоз, итн. Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот. Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци се гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот. 

    Не возете брзо и не возете под дејство на алкохол

    Брзото возење и алкохолот се водечки причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа, прилагодете ја брзината на условите на патот, не престигнувајте  на полна линија, или пак, кога немате прегледност на патот, резултат на продолжениот викенд е пообемен сообраќај.   Алкохолот и воланот, се разбира,  не се во ниедна комбинација!

    Бидете одморени

    Патувањето до дестинацијата на која ќе го поминете продолжениот викенд може да биде исцрпувачко. Гужвите и високите температури ќе придонесат за уште поголем замор, па затоа најдобро е да бидете добро одморени и свежи додека го управувате автомобилот. Пијте повеќе течности и повеќе и почесто одмарајте,  за побрзо и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

    Користете сигурносен појас

    Сигурносниот појас нека биде ваш партнер во патувањето. Тој е поставен да ве заштити вас од повреди и загуби. Користи појас!

    Републичкиот совет за безбедност сообраќајот на патиштата ви посакува безбедно патување и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „Македонија се сака на точак“ – Награден натпревар на РСБСП и АППТ
    Следна Објава:
    Мотоцикли, основни проверки пред летото
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS