Безбедни деца во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедни деца во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    Безбедни деца во сообраќајот
    31 октомври 2016

    Сите деца на светот заслужуваат да добијат шанса да пораснат и да бидат она за што тие сонуваат. За да им се исполнат соништата сѐ што треба да им обезбедиме е среќно, безгрижно и безбедно детство.

    Ние, возрасните, секојдневно се обидуваме на секој можен начин да ги заштитиме нашите деца од опасностите кои ги демнат (од струја, да не паднат,  да не се повредат, да не се изгорат, да не се разболат…), а една од најголемите опасности и еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат нашите деца секојдневно и од кој најмногу треба да сме исплашени и да се потрудиме да ги заштитиме е сообраќајот. Безбедното учество во сообраќајот е предизвик со кој се соочува секое  дете, а соочувањето со овој предизвик се учи од најмала детска возраст.

    Децата не се секогаш доволно вешти и не  секогаш знаат и можат да проценат  како да се однесуваат во сообраќајот и  кога, каде и како да ја  поминуваат улицата. Без надзор од возрасен и без соодветно познавање на сообраќајните правила, децата може за секунда да се најдат во опасност. Согласно  светските статистики, голем дел  од настраданите во сообрајќајни незгоди се деца, а уште повознемирувачки е фактот дека  54% од настраданите пешаци се исто така  деца.

    Зачувување на безбедноста на децата во сообраќајот е глобален проблем кој директно не засега сите нас. Не можеме да го игнорираме фактот и да гледаме од страна додека премногу деца ги губат своите животи на патиштата и со тоа се лишени од можноста да ги следат нивните соништа.

     И Во Македонија, најмногу страдаат децата пешаци и децата-патници кои се превезуваат во автомобил, а при тоа не се заштитени со сигурносен појас или не се уредно сместени во детското седиште.  Во продолжение РСБСП укажува на некои факти кои треба да ги знае секој родител и секој учесник во сообраќајот:

    1.Најранлива група учесници во сообраќајот на патиштата се пешаци, велосипедисти и мотоциклисти со околу 50% повреди и смртност во случај на сообраќајна незгода.

    2. Седиштата во автомобилите наменети за деца и бебиња може да ја намалат смртноста кај децата до  50%  а кај бебињата и до 70%.

    3. Со правилна употреба на сигурносен појас се намалува ризикот  од смртност во сообраќајот за 51%.

    4. Со секое намалување на брзината од 1км/ч го намалувате ризикот од незгода во сообрајќај за 2%.

                    Со цел да се намалат овие застрашувачки бројки а имајки ги во предвид изнесените факти, РСБСП потенцира  и потсетува  дека постојат  многу инструменти, методи и начини  кои се дозволени и  се достапни на сите , а кои служат да ги спасат невините детски животи. Еден од најважните начини кој воедно има и најголема и најважна улога во развојот и во заштитата на детето од опасностите со кои може да се соочи на улиците е соодветното сообраќајно образование (како да се однесуваат во сообраќајот, кои се нивни права, а кои обврски, кои се сообраќајните знаци, како се поминува на пешачки премини…). Едукацијата за сообраќајот започнува од најрана возраст, според истражувањата од 2 годишна возраст, почнувајќи уште во предучилишните групи во градинките, а потоа и во училиштата. Второто инструмент, начин,  кој е наменет за возрасните, а ги штити децата е воведување построги закони и казни за непочитување на правилата и прописите во сообраќајот. Со помош на овие преземени мерки, многу развиени земји ја имаат намалено бројката на повредени или загинати деца за 50% во изминативе 25 години.

    Безбедноста на децата во сообраќајот е приоритет на РСБСП за што потврдува и фактот дека РСБСП континуирано се ангажира за едукација на децата за безбедноста во сообраќајот но и   едукација на возрасните, родителите, старателите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во наредниот период, преку низа активности кои ќе бидат спроведени во сите основни и средни училишта низ републикава, ќе продолжи да ги реализира започнатите активности и преку нив да се доближи до остварување на зацртаните цели, а тие се намалување на бројот на настрадани деца во сообраќајни незгоди и заштита на децата во сообраќајот преку нивна едукација и едукација на нивните родители за побезбедно учество во сообраќајот.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Децата упатуваат пораки за побезбеден сообраќај
    Следна Објава:
    “Секој ден да е безбеден” едукативни предавања
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS